26 Април, 2024
0.0286

Јавните здравствени установи под лупа на Националниот комитет за финансирање

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Има подобрување во финаниското работење на клиниките иако кај половината од вкупно 32 се регистрирани одредени пропусти, соопшти денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Маја Парнарџиева Змејкова. Нивната работа освен Министерството за здравство и ФЗОМ, во иднина ќе ја следи и Националниот комитет за финансирање.

- Во сегментот на финансиските контроли забележуваме дека во голем дел од клиниките има подобрување на работењето во фактурирањето кон Фондот и кон Министерството за здравство. Но, забележуваме и клиники каде се уште има одредена пасивност од страна на директорите во однос на квалитетните фактури до Фондот, а исто така забележуваме и одредени пропусти коишто траат веќе подолго време во делот на јавните набавки, изјави Парнарџиева Змејкова на заедничката прес-конференција со заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, а по повод првата седница на новоформираниот Национален комитет за финансирање.

Како што појасни заменик-министерот Андовски, Националниот комитет за финансирање има за цел да се унапреди координацијата меѓу институциите во здравството. Во него членуваат експерти од ФЗОМ, од Министерството за здравство, членови на кабинетите на вицепремиерите за економски прашања.

- Ова тело ќе има советодавна улога со основна цел следење на финансиското работење на јавните здравствени установи и навремено детектирање на проблемите што ги имаат, како и давање препораки како тие да се решат. Ќе се следи пред се работата на менаџерите во здравствените установи, обемот на здравствените услуги што ги даваат, а ќе даваат и одредени пораки за подобрување на системот на финансирање во здравството, рече Андовски.

Комитетот меѓу другото може да предложи и промена на менаџер на здравствена установа.

Директорката на ФЗОМ Парнарџиева Змејкова додаде дека овој Комитет ќе има обврска на квартално ниво да ја информира Владата за прогресот во работењето во јавните здравствени установи.

На денешната прва седница Комитетот ја разгледува работата на сите 32 клиники со приоритет на клиниките во Скопје, извештаите од финансиските контроли од Фондот на нивната работа за 2012 и 2013 година и извештаите од Министерството за здравство. На следната седница Националниот комитет ќе ги разгледува извештаите на менаџерите на јавните здравствени установи и нивната работа.

Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ