18 Мај, 2024
0.0263

Јавниот сектор примамлив дури и во САД

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Соединтетите американски држави никогаш не биле социјалистичка држава, а и денес не важат за „капиталистичка Шведска“, но во време на економска криза, работите во јавниот сектор и членството во синдикатите, дури и во пазарна Америка, носат бенефиции. Иако денес има само 11,4 посто вработени работници во САД кои се зачленети во некои од синдикатите, оние кои се членови, имаат меѓу 10 и 30 отсто повисоки плати од своите сонародници кои немаат синдикални членски карти. Статистиките покажуваат дека постојат големи разлики и по прашањето на тоа дали се работи за приватен или јавен сектор, бидејќи кај приватниците, се на се, само седум отсто од работниците се синдикално организирани, додека во јавниот сектор, меѓу државните службеници, полицајци, наставници, пожарникари, тој број достигнува дури 37 отсто од сите вработени. Според податоците на Бирото за работа на САД, работникот, зад кој стои синдикат, минатата година имал просечна неделна бруто плата од 943 долари, додека неговиот колега надвор од синдикатот, на истото работно место, заработувал 742 долари. Иако бројот на членовите на синдикатите константно паѓа во последните шест децении, (рекорд бил 1954 година со 35 отсто од сите вработени) во еден сектор – државна и јавна администрација, тој број е во постојан пораст. Тој број е четири пати зголемен во последните неколку децении – од четири на 16,6 милиони членови на синдикатите меѓу вработените во јавната и државната служба од локално до федерално ниво. Денес во Америка постојат два големи синдикати во кои се зачленети мнозинството мали синдикати, Американска федерација на трудот и синдикатот „Федерација Промена за победа“. Последните истражувања кои ги спроведе Њујорк тајмс покажуваат дека 60 отсто од Американците се противат на намалувањето на правата на колективно преговарање со синдикатите, како и дека 56 отсто наспроти 37 отсто, се изјасниле против намалувањата на платите во јавниот сектор. Иако на своите членови им носат повисоки плати и сигурни работи, синдикатите во Америка денес немаат политичка сила каква што некогаш имаа. Со зкаон им е забрането да учествуваат во политичкиот живот преку донирање на одредени кандидати на избори, а намалена е и можноста за штрајк со Тафтовиот закон од 1974 година, со кој се укинува правото на штрајк, доколку со тоа „се поткопува националната безбедност“. Статистиката и на тоа поле покажува слабеење на синдикалното влијание, па така пред нешто повеќе од четири децении, во 1970 година во Америка се забележани дури 381 поголеми штрајкови, а во 2010 година само 11 слични штрајкови.   А.А.  

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население