Добивај вести на Viber
Не се плашам ако случајно после ова мое гостување на сопствен грб осетам реперкусии. Всушност, тотално ми е сеедно, секое зло за добро. Партизацијата мора да заврши, администрацијата мора да се професионализира, вaка Александра Стојановска Бизевска, државен службеник го започна своето гостување во синоќешната 24 Анализа.
На тема „Како до професионална државна администрација“, во 24 Анализа синоќа дебатираа Ана Павловска Данева, универзитетски професор и Александра Стојановска Бизевска, државен службеник, повеќе од 10 години.
Професорката Данева, вели дека партизацијата мора да престане, законот кој ги регулира административците е полн со недостатоци, но сепак доколку нема политичка волја нема воопшто никакви шанси да дојде до реформа на административниот апарат.
„Ова е процес кој ќе трае малку подолго, во принцип е болен, но доколку сакаме професионална администрација мора да почне да се одвива“, изјави Данева.
Колава е бројката на државниот административен апарат, 130 илјади или 185 илјади. Данева вели никој не кажува, а ништо чудно и никој да не знае.
Третирана како „државен непријател“, шиканирана затоа што била вработена во некое друго време, административката Стојановска Бизевска сведочи дека во администрацијата за работа која треба да ја извршува едно лице, се вработени во наводници 10.
Еве ја целосната 24 Анализа.
[embed]http://www.24vesti.mk/24-analiza-30-09-2015[/embed]