05 Мај, 2024
0.0265

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: Партиска пирамида на моќта!

Објавено во: Економија 28 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Експертите со кои Фактор разговараше сметаат дека вработените во јавната администарција се “сигурно и лојално“ гласaчко тело, градејќи систем на тројки, со  еден вработен по партиски клуч – три сигурно гласа од семејството. За оваа декадиски градена пирамида на моќ во јавната администрација ќе биде потребно долго време да се департизира. Горазд Чомовски Според официјалните податоците на Министерство за информатичко општество и администрација бројот на  вработени во јавниот сектор изнесува 128.253 лица во вкупно 1.354 институции .  Но во овие податоци  не се вбројани и луѓето кои  работат во јавните претпријатија, агенциите, општините, што значи дека бројот  изнесува многу  повеќе од она што ресорното министерството  и го соопштува на јавноста. Пребукираноста и партизацијата на јавниот сектор експлодира во последнава декада, откако бројот на вработените се удвои. Реализацијата на закон за службеници ја отвори вратата за новата партократија во државната служба. Бројната и неефикасна администрација не е само проблем во Македонија, туку и во регионот, па и во поразвиените европски земји. Но, додека таму бројот на вработени последните години постојано се намалува,  сведоци сме на перманентно вработување, а тоа особено е изразито пред изборите . Факт е дека во Македонија  во последните  неколку години  има  намалување на невработеноста, но исто така е факт дека Владата и нејзините институции и понатаму е главниот работодавач. „Кога основната егзистенција луѓето не можат да ја остварат преку работа во приватен сектор во услови на правичен натпревар, тие ја бараат егзистенцијата или надвор од државата или во единствениот сектор кој нуди некаква “иднина”, а тоа е сеуште јавниот сектор во Република Македонија. Проблемот е во тоа што побарувачката за вработување во јавен сектор е преголема. Луѓето го бараат најприродното нешто за себе и своите деца, а тоа е сигурна работа и некаква егзистенција, во услови на очај подготвени се на многу компромиси – по цена тоа значи кршење на закони. Оваа неповолноа ситуација во која голем дел од населението во Република Македонија живее, политичките партии можат да го (зло)употребат за свои цели. Цитираниот експерт од скопскиот државен Универзитет, вели дека на Македонија  и е потребна стручна, квалитетна и ефикасна администрација  со изразена  свест дека постои поради потребите на граѓаните. Универзитетскиот професор Марјан Петрески посочува дека мора да се направи серизона проценка  на продуктивноста на  вработените во  јавната  администрација. [caption id="attachment_126354" align="alignright" width="473"]petreski marjan Јавна тајна е дека во администрацијата има вработени кои не одат на работа. Има вработени кои не се квалификувани за работните места на кои се примени. Оттука, ние итно треба да се зафатиме со проценка на продуктивноста на јавниот сектор[/caption] „Не би можел да шпекулирам околу бројноста на администрацијата, туку околу тоа дали бројката што ја соопштија властите е висока или ниска. Колку што знам, не постои методолшки издржана пресметка за оптималноста на бројот на вработени во јавниот сектор. Но, она што е позначајно е продуктивноста на јавната администрација, односно вредноста што таа ја произведува . Тука, сите ќе се согласиме дека продуктивноста е ниска. Јавна тајна е дека во администрацијата има вработени кои не одат на работа. Има вработени кои не се квалификувани за работните места на кои се примени. Оттука, ние итно треба да се зафатиме со проценка на продуктивноста на јавниот сектор, како таа се споредува со таа на приватниот сектор и како истата да се подобри“ , дециден е проф. Марјан Петрески од универзитетот Американ колеџ . Дали недостатокот од работни места во реалниот сектор се компензира со полнење на администрацијата со цел да се задоволи партиското членство ?  Како до добиеме  квалитетна  и ефикасна  администрација ? Во однос на овие дилеми,  мислење побаравме од универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров. [caption id="attachment_176958" align="alignright" width="448"]SHUKAROV Секоја власт за да има шанса на изборите мора да вети дека нема да ги отпушти, а потребно е плус да се вработуваат оние кои се потребни да работат и плус да се подобрува кадровската структура[/caption] „Дефинитивно е јасна политиката на власта со даноци од сите да ги вдоми своите членови и да обезбеди стабилно гласачко тело. На тој начин опозицијата го финансира индиректно вработувањето на членовите на партијата на власт и ја зголемува политичката моќ на противниците. Бројот административци се множи со два кога се пресметуваат бројот на гласови. Сепак, тоа што го прави е трајно погубно и за македонската економија. Секоја власт за да има шанса на изборите мора да вети дека нема да ги отпушти, а потребно е плус да се вработуваат оние кои се потребни да работат и плус да се подобрува кадровската структура. Тоа е дефинитивно погубно за економијата и го открива прашањето на фискалната ефикасност и идржливост. Еден ден фискалниот систем ќе падне или ќе се зголеми даночниот товар и јавната задолженост. Според професор Шукаров  оваа влада ќе го пумпа буџетот, со перманентното задолжување за буџетскиот дефицит, свесно ќе остави празна и презадолжена државна каса. Прашањето е комплексно и треба да се елаборира и од аспект на дополнителнито влошување на компаративната предност на реалниот сектор и опасноста од настанување на синдромот на ИСТУРКУВАЊЕ и раст на каматите, влошување на стопанската структура итн“, посочува  универзитетскиот професор и поранешен  директор на Агенцијата за приватизација  .   Годишно помеѓу 400-700  „рамковно вработени“ примаат плата а седат дома. Во еден јавен ТВ настап Вицепремиерот  за реализација на Рамковен договор Муса Џафери не ги негираше појавите за неангажирање на  вработените од етничките заедници, пред се од албанската. Експертите со кои Фактор разговараше сметаат дека вработените во јавната администарција се “сигурно и лојално“ гласaчко тело, градејќи систем на тројки, со  еден вработен по партиски клуч – три сигурно гласа од семејството. За оваа декадиски градена пирамида на моќ во јавната администрација ќе биде потребно долго време да се департизира.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра