Jасмина Поповска: Го избрав „Декамерон“, сè што е човечко, не ни е туѓо
Објавено во: Стил 08 Април, 2020
Социјално изолирана, според здравствените препораки, а постојано конектирана со потребата за убавина, според личните пориви, Јасмина Поповска, актерка на МНТ, живее во секојдневен театар – и дома. Јапонската акита Ѕуница е секогаш подготвена да создаде претстава в куќи, а и подготвувањето на палачинките кои сè уште ги чека синот Горазд сигурно ќе биде – театрално во духот на „комедија дел арте“.
-Социјалната изолација создава во нас – социјална повреда. Да се биде исклучен од пријателите, колегите, членовите на семејството, другарите од училиште може да биде ужасно болно. Ние сме социјални суштества, имаме потреба за контакти и за припаѓање, а подолгата изолација може да остави драматични последици. Затоа, содржини кои можат да помогнат за јакнење и збогатување на духот се неопходни. Бидејќи поради превенција и самозаштита сите сме дома во социјална изолација и социјална дистанца од културно-забавните содржини во живо, тогаш да го сториме тоа – онлајн. Да правиме театар, вели Јасмина.
Целиот текст на Женски магазин, овде.