02 Мај, 2024
0.0284

Јапонската компанија Митцубиши заинтересирана за македонското млеко и зеленчук

Објавено во: Агробизнис 14 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Јапонците се заинересирани за вложувања во македонското земјоделство, пред се во млечната и преработувачката индустрија посочуваат од Министерството за земјоделство. На средбата која денеска ја имаше министерот Љупчо Димовски, со Генералниот менаџер на Корпорацијата Митцубиши - Јапонија, Хирохару Окамото, биле презентирани можностите кои што ги нуди Македонија од овие области. Министерот Димовски се пофали дека Македонија бележи континуиран раст на производството и извозот на земјоделски производи, а поради поволните климатски и почвени услови се произведуваат раноградинарски производи препознатливи на Европските пазари. „Во последниве години активно работиме и на подигнување на преработувачкиот сектор кој претставува катализатор за вишокот на земјоделски производи, а исто така и на отварањето на нови откупно дистрибутивни центри, кои се потребни кај нас, затоа што во Македонија земјоделските стопанства во просек се мали и немаат доволни количина за сами да излезат на пазарот. Затоа ние како Влада и министерство за земјоделство каниме компании кои би отвориле откупно дистрибутивни центри, а тоа е добро и за самите фармери бидејки ќе можат да го договорат и да го продадат своето производство“, истакна министерот пред јапонските гости. Корпорацијата Митцубиши работи бизниси во речиси секоја индустрија, вклучувајќи индустриски финансии, енергија, метали, машини, хемикалии, храна и бизниси кои вклучуваат заштита на животната средина. Има повеќе од 200 канцеларии и филијали во околу 90 земји во светот и мрежа од над 500 компании од групата, а вработува 60.000 луѓе, појаснуваат од Министерството за земјоделство.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?