27 Април, 2024
0.0263

Јаху: Кога е најдобро време за пазарување…

Објавено во: Стил 29 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

За секоја активност има „најдобар“ момент, кој е особено погоден за најзино извршување. Јаху собра неколку активности со кои покажува, меѓу останатото, кога е најдобро време за следниве активности... За Пазарување Според Јаху, најдобро време да пазарувате дефинитивно е среда, повеќето продавници се со полни штандовите, а ако таму одите подоцна (по 19 часот), ќе ги избегнете и долгите редици на касата. За добра идеја Спротивно на она што можеби си мислите- брилијантни идеи нема да ви дојдат на ум кога сте најмногу концентрирани. Напротив, во моментите кога вниманието ви е дифузно, имате најголема шанса за одлична идеја. Ова најчесто е времето пред спиење и малку по станувањето. Најдобро време да се добие "да" Бизнис ручекот не бил измислени само така. Од предлог за брак до бизнис партнерство - најдобар момент да гопоставите предлогот на маса е со кафето после јадење. Така на пример Бенждамин Френклин имал навика да руча сосема малку. Затоа по деловниот ручек тој го користел малото опуштање и поспаноста на партнерите, за да преговара со нив додека сопствениот ум му останувал остар.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти