19 Мај, 2024
0.0285

JAGUAR I-PACE -европски автомобил на годината

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

● Jaguar I-PACE ја освои наградата „Европски автомобил на 2019 година“

● 60 стручни новинари го избраа целосно електричниот перформансен SUV Jaguar, во конкуренција на шест други финалисти

● I-PACE има освоено 55 награди на светско ниво од неговото лансирање пред една година


Целосно електричниот автомобил Jaguar I-PACE е прогласен за европски автомобил на годината на „European Car of the Year Awards 2019“. Жирито, составено од 60 стручни новинари од 23 земји, додели награда која ги препознава техничките иновации, дизајнот, перформансите, ефикасноста и противвредноста.


„Тоа што нашето прво електрично возило е исто така и првиот Jaguar којшто ја доби наградата„Европски автомобил на годината“, ни дава огромно чувство на гордост.I-PACE е дизајниран и изработен во Велика Британија почнувајќи од чист лист хартија. Тоа е технолошки најнапредното батериско електрично возило. Автомобил кој постави нови стандарди во областа. Добивањето на наградата „Европски автомобил на годината“ е вистинско признание за тоа што нашиот тим го испорача“,изјави проф. д-р Ралф Спит, главен извршен директор на Jaguar Land Rover.


Дизајниран и изработен во Велика Британија, Jaguar I-PACE бележи одличен успех и продажба за повеќе од 8.000 потрошувачи заклучно со 31 јануари 2019 година, од кои 75 проценти од нив во Европа.Тој е дизајниран да го искористува својот електричен мотор целосно, со алуминиумска конструкција, нудејќи спортски перформанси и практичност на SUV-возило.


I-PACE има добиено 55 награди низ целиот свет откако беше претставен пред една година, вклучувајќи ги автомобил на годината во Германија, Норвешка и Британија, „BBC TopGearmagazine EV of the year“, во Кина „Green Car of the Year“ и „Autobest's ECOBEST Award“. За повеќе информации за I-PACE посетете ја https://macedonia.jaguar.com/


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата