26 Април, 2024
0.0268

Ја жртвував слободата, зашто да не го жртвувам и угледот: Конопова за експлицитните фотографии

Објавено во: Стил 14 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Моника Конопова (Ристовска) - „девојката со џоинтот“, гласен говорник за легализација на марихуана, активист, дипломиран новинар и магистер по филмска продукција, деновиве објави експлицитни фотографии од нејзе на Твитер и предизвика огромно внимание. Повторно.

Без влакна на јазикот, сурово искрена за Женски магазин ја открива вистинската приказна која стои позади она што го прави на социјалните мрежи, а за многумина е шокантно и неоправдано. 

Моника беше двапати уапсена и осудувана поради поседување на марихуана.

- Првиот пат добив условна казна од 5 години со 2 години затвор, а вториот пат не ми простија и ме осудија на една година за 14 грама марихуана...

За јавноста e позната како девојката со џоинтот, вели дека се гордее со таа етикета, а и беше доделена кога спонтано одлучила да се сними како пуши џоинт на улица (видео во живо на Фејсбук), додека одела на разговор за работа.
Но сепак смета дека и била нанесена неправда со тоа што беше осудена на казна затвор, бидејќи покрај нехуманите услови таму, вели дека тешко е сега да најде работа бидејќи е обележана со криминално досие. 

Повеќе на Женски магазин овде

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти