02 Мај, 2024
0.0264

Извршителот Богатинов уште еднаш „го удри“ Самсоненко, запленети 10 милиони евра од неговата авио компанија

Објавено во: Економија 03 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Извршителот Никола Богатинов со налог за извршување заплени уште 10 милиони евра од имотот на рускиот бизнисмен и поранешен инвеститор Сергеј Самсоненко, овој пат со замрзнување на удел од 10 милиони евра во неговата авио-компанија „Сис Авиатион“.

Станува збор за наплата на побарување со налог на извршување од 10.064.597 евра на 26 ноември од главнината на друштвото за авио превоз. Во Централниот регистар наведено е дека должник е Сергеј Самсоненко, но не се споменува кои се доверителите.

Само еден ден претходно беше објавено дека на истиот датум се запленува удел од 9,5 милиони евра на почесниот руски конзул од имотот на „Сис Инвест Груп“ по налог на извршителот Богатинов.

Ако случајот за „Сис Авиатион“ не е познат претходно за медиумите, барем појасна е сликата за „Сис Инвест Груп“ кога станува збор за тоа кои се доверителите. „Фактор“ се обиде да стапи во контакт со извршителот Богатинов, но откако ни рече дека има состанок со клиенти, потоа цело време му беше исклучен мобилниот телефон.

Богатинов претходно изјави само дека станува збор за приватни должничко-доверителски односи и како извршител, согласно закон, не смее да открива податоци за кој предмет станува збор.

Единствено е познато дека во 2018 Централниот Регистар постапувајќи по пријавата за упис на зголемување на основна главнина и запишување на одлука за измена на актот на друштвото за авио-превоз Сис авиатион ДООЕЛ Скопје донесе решение со кое се одобрува пријавата за зголемување на главнината на 9.245.808 евра на авио-компанијата со седиште во општина Карпош.

Од она што е познато е дека станува збор за македонски старт-ап од 2015 основан во Скопје од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Авиокомпанијата, која планирала да врши комерцијални летови, е основана со капитал во вредност од 5.000 евра. Ратко Купушевски бил именуван за извршен директор на Sis Aviation.

SIS Aviation организирал авионско патување за корпоративни и конференциски настани, ВИП-личности, спортски групи и туризам, до речиси секоја дестинација во светот преку чартер и редовни авио линии.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?