05 Мај, 2024
0.0240

Извозот на овошје и зеленчук намален за 16% во првите три квартали лани

Објавено во: Агробизнис 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Извозот на свежо овошје и зеленчук во првите девет месеци годинава е намален за 16,8% споредено со истиот период лани, додека втората најголема извозна ставка во прехранбената индустрија, жита и преработки од жита бележи намалување на извозот за 4,4% во првите три квартали. Од јануари до септември лани извзезено е свежо овошје и зеленчук во вресност од 144 милиони долари, што е големо намалување на вредноста споредено со 146,7 милиони долари во истиот период претходната година, покажуваат податоците на Народна банка. Според податоците за надворешно-трговската размена во првите девет месеци извозот на прехранбени производи е намален за 13,3% на вкупно 242,1 милион долари, за разлика од 279,7 милиони долари во првите три квартали лани. Од другите гранки во прехранбената индустрија, според податоците за надворешно трговска размена, извозот на месо и преработки на месо бележи пад од 8,6% кога се извезени производи во вредност од 32,6 милиони долари, а извозот на млекото и млечните производи е помал за 11%. Во исто време расте увозот на храна. Во првите три квартали лани, според податоците на Народната банка се увезени производи во вкупна вредност од 488,9 милиони долари, што е за 1,7% повеќе споредено со истиот период 2011 година, при што за 50% пораснал увозот на живи животни. Кај житните култури кои увозот пораснал за 1,4% на вкупно 86,1 милиони долари, а увозот на овошје и зеленчук пораснал за 5%, само во третиот квартал лани. И додека расте увозот на храна, растат и субвенциите кои што ги изплаќа Владата за развој на аграрот. Само во последните шест години за субвенции во земјоделството се исплатени вкупно 370 милиони евра, а за годинава се предвидени 130 милиони евра финансиска поддршка во аграрот. Според проекциите на Владата во наредните пет години, предвидено е да бидат исплатени вкупно 725 милиони вра за субвенции.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?