Изрешетаната девојка од Србија убиена по мафијашка грешка
Објавено во: Балкан 25 Ноември, 2016
Според последните податоци на српската полиција Теодора Качански,фитнес инструкторката од Нови Сад која во саботата беше изрешетана, најверојатно била нападната поради мафијашки мотиви, а вистинска цел на убиецот било нејзиното момче за кое мислел дека се наоѓа во автомобилот, но темнината не забележал добро.
Кон Теодора е пукано пет пати, а три куршуми завршиле во нејзиното тело од кои тој во вратот бил фатален.
Напаѓачот користел „тетеец“ и го концетрирал огнот во градите бидејќи очекувал нејзиното момче Ненад Стевиќ кој бил всушност негова вистинска мета да носи заштитен елек. Ликвидацијата на Теодора Качански ја згрози спрската јавност по се зачестените пресметки на криминалното подземје.