15 Мај, 2024
0.1930

Израелскиот премиер се откажа од „летечката“ спална

Објавено во: Стил 13 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

По острите критики во домашната јавност, израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху беше принуден да се откаже од уредувањето на „летечка спална соба“ во неговиот службен авион.

Ваквото решение е донесено откако една израелска телевизија ги откри деталите за цената на чинење за преуредувањето на авионот на државната компанија „Ел Ал“ . За поставување на четири монтажни ѕидови, врата и еден брачен кревет, како и за уредување на 22 места во бизнис класата  за придружбата на премиерот, биле потрошени 127.000 долари, на што треба да се додадат уште околу 300.000долари за изнајмување на патничкиот авион и за летот. Толку пари беа дадени за патувањето на Нетанијаху и на неговата сопруга на летот кон Велика Британија, каде минатиот месец присуствуваа на погребот на поранешниот британски премиер Мргарет Тачер.

Ова предизвика силен револт во израелската јавност, а  јавноста го нарече Нетанијаху „кралот Биби“ според надимакот што го има премиерот и бараа отчет за тоа како канцеларијата на премиерот се „расфрла со народни пари“.

Додека од Кабинетот на Нетанијаху изјавија дека тој морал „добро да се одмири затоа што имал голем број обврски во текот на денот“,  опозицијата рече дека е срамно вакво расфрлање со пари во време кога Израел и неговите жители се соочуваат со остри мерки за кратење на буџетските трошоци.