17 Мај, 2024
0.0306

Израел вознемирен: Хамас ќе се брише од листата со терористички организации на ЕУ

Објавено во: Свет 17 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Палестинската исламистичка организација Хамас ќе мора да биде тргната од листата со терористички организации на Европската унија, но нејзиниот имот и понатаму останува замрзнат, се вели во пресудата на Европскиот суд. „Листата од 2001 година се засноваше врз заклучоци добиени од медиумите и од интернет“, соопштил Општиот суд на Европската унија, но нагласил дека денешната одлука Хамас да биде избришан од оваа листа е заснована врз техничка основа и „не подразбира никаква суштинска проценка во однос на прашањето за квалификазија на Хамас како терористичка група“. Замрзнувањето на фондовите на Хамас привремено ќе остане на сила, односно три месеци додека се уште е можно да се поднесе жалба до ЕУ, соопштил судот, чие седиште е во Луксембург. Военото крило Хамас беше ставено на првата црна листа на ЕУ во 2001 година по нападите од 11 септември во САД. Израелскиот премиер веднаш реагирал по ваквата одлука и побарал Хамас веднаш да биде вратен на листата терористи. „Очекуваме во моментов Хамас да повторно да биде вратен на листата“,рекол Нетањаху истакнувајќи дека „Хамас е убиствена терористичка организација чија цел е да го уништи Израел“. Европската комисија во соопштение навела дека одлуката на судот е правна и дека не станува за никаква политичка одлука која ја носи владата на Унијата. Таа додала дека ЕУ во најскоро време ќе преземе „соодветни корективни мерки, вклучително и можност за жалба“.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра