17 Мај, 2024
0.0284

Израел бомбардираше база на Хамас

Објавено во: Свет 20 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Израелските борбени авиони доцна синоќа извршија силно бомбардирање врз една база на Хамас во Појасот Газа, прв пат по копнената офанзива што се одвиваше на палестинската територија. Ова всушност, било одговор на Израел на ракетниот напад кој исламистите го извршија на југот од Израел во петокот. Бомбите го погодиле подрачјето на Кан Јунис на југот од појасот, а локални претставници рекле дека немало жртви, пренесува „Ројтерс“. Ракетите кои беа истрелани од територијата на Газа паднале во поле и притоа не предизвикале човечки жртви и материјална штета. „Израелските одбрамбени сили нема да допуштат никакви обиди да се наруши безбедноста и да се загрози мирот на цивилите во Израел. Терористичката организација Хамас е одговорна и мора да одговара за денешните напади против Израел“, истакнал воениот портпарол Петер Лернер. Од појасот Газа во два наврати претходно биле истрелани ракети, но за овие инциденти немало никаква одмазда. Израел на осми јули покрена напади од воздух против Хамас, кој под своја контроја го има појасот Газа, со цел да го запре постојаното ракетирање. Офанзивата подоца прерасна во копнена, а војувањето заврши со примирје, а во преговорите од 26 јули посредуваше Египет. Повеќе од 2.100 Палестинци беа убиени за време на воениот конфликт. Поголем дел од нив беа цивили. На израелска страна загинаа 67 војници и шест цивили.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји