ИЗОЛАЦИЈА ДО 2021: Старите луѓе ќе мора многу подолго да се заштитат од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Април, 2020 08:16
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен
предупреди дека старите лица најверојатно ќе мора да останат во изолација до
наредната година за да се заштитат од коронавирусот,
-Ќе мора што е можно подолго да се ограничи контактот со повозрасните луѓе, барем до моментот додека биде развиена вакцината за Ковид-19. Оваа популација најверојатно ќе мора да остене до одреден степен во изолација до наредната 2021 година кога се очекува вакцината да биде готова, изјави Фон дер Лајен. Таа за германски „Билд“ изјави дека ги сваќа сите потешкотии на изолацијата, но истакнува дека кога станува збор за живот или смрт, мораме сите да останеме дисциплинирани и трпеливи.
-Децата и младите ќе може наскоро да ја уживаат слободата на движењето за разлика од повозрасните и оние кои имаат други здравствени проблеми. Сепак верувам дека една европска лабораторија до крајот на годинава ќе успее да ја развие вакцината за Ковид-19, вели претседателката на Европската комисија.

Повеќето екперти сметаат дека вакцината за масовна употреба ќе биде спремна за година дена.
А, од повеќе земји од светот стигаат информации дека во домовите за стари лица има се поголем број заразени, но и починати од новиот коронавирус. Таков е случајот во Канада, односно во еден од домовите во Монтреал, кеде починале 31 штитеник, откако во домот се појавил коронавирус. Во Италија, конкретно во Ломбардија се поведе постапка како се постапувало во однос на корона вирусот во повеќе старски домови, бидејќи станува збор за стотина починати во овие установи.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




