ИЗНАЈМУВАЊЕ СТАН НА ЕДЕН ДЕН: Бизнис кој носи пари
Објавено во: Финансии 21 Декември, 2017
Околу 3000 евра годишно за даноци и 30.000 денари за такса се плаќа во соседна Србија за хостел. Но, овие средства ги заштедуваат луѓето кои работат нелегално.
Секој четврти стан во Нови Сад е легален, а другите работат на „црно“.
Многу сопственици на хостели ги затворија своите бизниси заради нелојалната конкуренција.
Од Туристичката организација на Нови Сад велат дека тоа не е проблем само кај нив, туку во целиот свет.
Во инспекција се пријавени 200 објекти, но многу од нив не можеле инспекторите да ги пронајдат затоа што немале точна адреса.
На десетина им е забрането да работат.