29 Април, 2024
0.0279

„Измеќарот“ на Груевски добил предлог за дисциплинска постапка на работното место

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Александар Трајковски на својот профил на Фејсбук синоќа објави дека како вработен во Царинска управа против него е покрената дисциплинска постапка за злоупотреба на боледувањето за да го посети поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Царинскиот службеник стана особено познат во јавноста откако се најде на првата фотографија што беше објавена од Груевски како азилант во Унгарија, а сега вели дека против него бил доставен предлог за поведување дисциплинска постапка.

„Злоупотребата на боледувањето сум ја извршил бидејќи сум заминал на испитување во болница во Република Унгарија (за што поседувам медицинска документација од извршените прегледи), а не сум имал право на тоа, односно не сум имал право на второ лекарско мислење. Оваа поведена постапка значи директна атака врз правата на пациентите. Оваа постапка крши директни човекови права. И, конечно, оваа постапка не значи ништо друго, освен политички реваншизам врз мене и како член на ВМРО-ДПМНЕ и како советник во Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Директорот на Царинска управа веќе рече дека Трајковски ќе биде распределен на друго работно место, но не на пониско ниво. Советникот во општина Гази Баба најави дека ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежни институции и организации за заштита на човековите права.

„Како советник избран од граѓаните на општина Гази Баба на непосредни избори ќе ги информирам меѓународните претставници и организации бидејќи ова го сметам како директен притисок врз мене и врз моето понатамошно дејствување и носење одлуки“, додава Трајковски во статусот на социјалната мрежа.

Царинскиот службеник претходно на судење за случајот „Шамари во Центар“ изјави дека зел боледување од работа за да изврши специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. 


Можеби ќе ве интересира

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ