27 Април, 2024
0.0624

ИЗМАМНИЦИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР: Кавадарчани олеснети за 20 илјади денари од лажен одржувач на семинари

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Нов случај со измамник го тресе Кавадарци.

Откако измамник измамил такси компанија од Кавадарци и ја оштетил со 18.000 денари, истиот олеснил и сопственици на репрезентативен објект за 20 илјади денари.

Тој ги излажал дека ќе одржува семинар во нивниот објект а според кажаното од сопственичката на објектот, со нив преку телефон, вибер и мејл контактирало лице кое се претставило како менаџер на позната компанија од југот на државата.

– За организирање семинар, побара да обезбедиме сместување за 21 лице од Кина за четири дена и оброци, бифтек, пастрмки, виски и друго. Ни се виде сериозен откако по негова нарачка во објектот беа донесени цветни аранжмани од цвеќарница но и озвучување со микрофони. Не се посомневавме кога рече треба да се земат подароци за гостите од Куманово, пратете 20 илјади денари по такси да ги земе, вечер ќе ви ги вратам, рече сопственичката на објектот.

Кога таксистот рече дека парите ги земал низок човек со брада но не се вратил со подароци, ни беше јасно дека сме жртви на измама, открила кавадарчанката за МИА.

Отпосле дознале дека тие не се единствените жртви на истиот измамник.

– Не ни е толку за парите, колку за организацијата за која потрошивме и време и ангажман. Пријавивме, за да го фатат и да не горат и други луѓе. Цвеќарата си го зеде цвеќето назад, озвучувањето беше повлечено, тие исто така беа измамени, ама барем немаат штета, додаде кавадарчанката.

Случајот го пријавиле во полиција.

– На 15.01.2020 во ОВР Кавадарци од страна на правно лице од Кавадарци е поднесена пријава дека на 12.01.2020 сопственикот добил телефонски повик од лице кое се претставило како Г.К., претставник од фирма од југот  на државата, со цел да закаже одржување семинар за повеќе странски инвеститори кои би престојувале неколку дена во  објект. Според пријавеното, подоцна Г.К. испратил такси возило од такси компанија од Кавадарци и побарал услуга од сопственикот да му даде 20.000 денари, за таксистот да ги однесе во Куманово, од каде требало да се набават подароци за гостите, а потоа тој да му ги врати парите. Парите, според пријавата, биле дадени на таксистот, кој ги предал на едно лице во Куманово, но Г.К. веќе не бил достапен на телефонскиот број, рекоа за МИА од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“