19 Мај, 2024
0.0291

Изложба на фотографии на децата од малите групни домови

Објавено во: Мои пари 05 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Вчера се одржа фотографска продажна изложба “Nos Creare” на децата од малите групни домови во Национална галерија - Чифте Амам, Скопје. На изложбата присуствуваа, министерката за труд и социјална полиика Мила Царовска, министерот за образование Арбар Адеми, како и преставници од меѓународните организации, амбасадите и граѓанскиот сектор.

На продажба беа понудени 28 уметнички фотографии коишто на фото- сафари работилница изминатата половина година ги фотографираа деца од малите групни домови. Фотографиите ќе продолжат да се продаваат и може да се видат на инстраграм профилот nos.creare, а од идната недела и на веб страницатаwww.creative.com.mk. Собраните средства ќе се искористатза купување на фотографска опрема и компјутери. На овој начин се создаваат услови децата да учат нови вештини и да креираат нови дела.


„ Децата од малите групни домови се наша голема гордост! Нивните успеси се доказ дека секое дете има потенцијал во кој целото општество треба да вложува.Затоа и понатаму ќе вложуваме, за секое дете и секој млад човек да има еднакви шанси! Им благодарам од се срце на сите кои беа дел од организација на изложбата. На мое огромно задоволство, 75% од децата ги извадивме од големите безлични институции. Со добри политики и вистинска грижа, сите заедно растеме, градиме хумано и праведно општество, бидејќи сите деца заслужуваат љубов и топол дом“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Особено се радуваме што сите заедно го видовме творечкиот дух на нашите деца кои половина година низ практична и теоретска едукација на различни локации низ државата како дел од фото-сафари работилниците создадоа 28 уметнички фотографии. Истовремено се гордееме со успешноста на процесот на деинституционализација што го води Министерството за труд и социјална политика со меѓународните партнери“, рече Владо Караев, дел од тимот на трансформираната институција „25 Мај“.


Работилницата за фотографија е една од низата успешни приказни за едно општество за сите од која се видливи првите ефекти и напредок. Крајната цел е во наредниот период да ги збогатиме програмите за едукација со што слободното време на децата од малите групни домови ќе го посветиме на учење занимања, вештини и социјализација.


Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда