18 Мај, 2024
0.0334

Изградбата на интерконекторот со Грција поскапува за 10-тина милиони евра

Објавено во: Економија 23 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Изградбата на интерконекторот за пренос на природен гас до границата со Грција поскапува за 10 милиони евра, дознава „Фактор“. Овие средства ќе се бараат дополнително од меѓународниот кредитор со репрограмирање на долгот. 

Интерконекторот за природен гас со Грција треба да започне со изградба оваа пролет и требаше да биде во износ од 28,9 милиони евра, но сега се потребни најверојатно уште 10 милиони евра. Неофицијално, повеќе пари биле потребни поради новите стандарди кои се бараат за пренос на водород и заради поскапување на челикот..

Собранието на крајот од минатата година го изгласа Закон за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по договорот за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, со кој од Европската инвестициона банка (ЕИБ) добивме заем од 28,9 милиони евра.

На владина седница, исто така, на 7 март била разгледана информација за „регулирање на долг со воспоставување на нови кредитни услови на операторот за пренос на природен гас АД НОМАГАС Скопје во државна сопственост поради неможност за отплата на доспеаните обврски“..

- Сумата не е фиксирана, тоа е како рамка и се зависи од тоа какви ќе бидат цените. 38 милиони евра е само проценка, ни изјави Бајрам Реџепи, директорот на АД Номагас, кој заедно со грчката ДЕСФА Атина треба да го изградат Интерконекторот, секој на територијата на својата држава. 

Согласно изработената Студија за изводливост и проектната документација, неговата вкупна инвестициона вредност ќе биде 57,8 милиони евра. 

Во моментов АД Номагас бара консултант за надзор на изградбата на интерконекторот, а како следен чекор планира да објави повик за оператор кој ќе го изгради.

Со изградбата на интерконекторот треба да се обезбеди конкурентност на пазарот на природен гас, бидејќи со изградбата на гасната интерконекција меѓу Грција и земјава ќе се овозможи пристап до повеќе извори на природен гас.

Се проценува дека проектот ќе биде финализиран до средината на 2025 година и системот ќе биде 100 проценти подготвен и за транспорт на водород

Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра