30 Април, 2024
0.0356

ИЗГОРЕ СИМБОЛОТ НА СКОПЈЕ, ИЗГОРЕА СПОМЕНИТЕ: Универзална е изградена веднаш по земјотресот, ги собере сите претставници на земји што го возобновуваа градот

Објавено во: Македонија 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, со отстранувањето  на тешките последици и обновувањето на градот, започнала изградбата на Универзална сала, како трајно одбележување на хуманата акција на дарители од странство.Човечката солидарност дојде до целосен и безрезервен израз на сите полиња од животот. Во областа на културата тоа се изрази преку „Средбата на солидарноста“, која се реализира уште во првата година по земјотресот. Културно уметничката манифестација „Средба на солидарноста“ е од посебно значење за градот, неговото пост-земјотресно траење и развиток.

Идејата се изрази во остварување на меѓународна манифестација што ќе ги собере еднаш во годината во Скопје претставниците на земјите што му укажаа помош на разурнатиот град и тоа со средба на културно-уметнички ансамбли и спортски екипи.

Оваа идеја за прв пат е остварена во 1964. година од 26. јули до 2. Август, во организација на посебен Организационен одбор, продолжува неколку години потоа, добива нови димензии на хуманост и меѓународна солидарност, во вид на продлабочување на врските, соработка и збратимување на градовите

Во разрушениот град веднаш се појавува проблемот со простор за организирање на овие манифестации, односно започна да се размислува за една таканаречена „универзална сала“ во која ќе можат да се организираат културно-уметнички, но и помали спортски манифестации.

Дирекцијата за комунална и станбена изградба на Скопје, носи одлука за изградба на еден ваков објект кој ке биде од монтажен карактер.

Во изградбата со значајна материјална/финансиска помош учествувале повеќе од 35 земји од светот, со чии средства е купен објектот Универзална сала од фирмата „Техноекспортстрој“ од Софија, Република Бугарија.

На 11 јули 1964 година во Софија е потпишан Договорот за купопродажба на објектот „универзална сала“, со вкупно 1800 седишта.

За 10 месеци од потпишувањето на договорот за купопродажба, во 1965. година никнува објектот „Универзална сала“. Иако недовршен и без технички прием, во период од 26. јули до 2. Август 1965 година ги прима учесниците на втората „Средба на солидарноста“. Втората „Средба на солидарноста“ беше отворена со концерт на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Ловро Матачиќ, со солистите Ружа Поспиш и Владимир Ружјак. Атрактивната програма продолжува со „Вечерта на забавни мелодии“, со настап на еминентни интерпретатори од цела Југославија, придружувани од Забавниот оркестар на РТС – Скопје, под диригентство на маестро Александар Џамбазов. Свој придонес на оваа средба ќе дадат и Оркестарот на хармоники од Љубљана, Томас Гару пеејќи африкански спиритуали, Италијанскиот гудачки ансамбл „Вивалди“,  Бугарскиот детски хор „Добра смена“, групата „Лос Парагвајос“, од Парагвај, Рускиот ансамбал „Балалајки“ и многу фолклорни ансабли од Европа. Сите 7 настани се следени од околу 10.000 посетители.

По избивањето на пожарот, скопјани со тага коментираат дека изгоре симболот на Скопје. 

„Изгоре симболот на Скопје, изгоре Златно славејче и сите спомени“, коментираат граѓаните“.

Извор и фото: Универзална сала

Д.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија