18 Мај, 2024
0.0275

Издадена осмата еврообврзница по историски најниска каматна стапка од 1,625 oтсто

Објавено во: Економија 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Република Северна Македонија денес ја издаде осмата по ред еврообврзница. Еврообврзницата е во вредност од 700 милиони евра со рочност од 7 години и истата е издадена по историски најниска каматна стапка од 1,625%. Истата ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра.

„Исклучително поволната каматна стапка, и покрај ковид-кризата, е резултат на прудентните макроекономски политики и зачуваниот кредитен рејтинг на земјата. Задржувањето на кредитниот рејтинг, а со тоа и довербата на инвеститорите, се должи на преземените политики и четирите пакети мерки за соочување со ефектите од кризата. Високата доверба на инвеститорите се манифестира и преку големиот број на инвеститори кои беа заинтересирани за купување на еврообврзницата, односно над 130 инвеститори сакаа да запишат двојно повисок износ од понудениот или побарувачката беше над 1,6 милијарди евра. Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска“, информираат од Министерството за финансии. 

Инаку, земјава претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во насока на фискална транспарентност и отчетност, во текот на утрешниот ден ќе одржи прес-конференција. 

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа