14 Мај, 2024
0.0255

Издаден прирачник за работа со жени жртви на семејно насилство

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со МППС (Македонска платформа против сиромаштија) и подршка од Принт тим ДОО Скопје, го издаде првиот Прирачник за групна работа со жени жртви на семејно насилство во електронска верзија. Во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“, Комерцијална банка АД Скопје во соработка со МППС (Македонска платформа против сиромаштија) и подршка од Принт тим ДОО Скопје, го издаде првиот Прирачник за групна работа со жени жртви на семејно насилство во електронска верзија. Прирачникот е резултат на двегодишна работа на двајца психотерапевти, подржани од Комерцијална банка, кои развија специфична методологија за работа со жени жртви на семејно насилство, во рамки на проектот што се спроведуваше во Македонскиот центар за женски права – Шелтер Центар Скопје, во периодот 2011-2013 година. Акцијата „Жени за жени„ со која Комерцијална банка АД Скопје започна 2010 година, со намера одбележување на „8 март„ за жените жртви на семејно насилство, се разви во сериозен проект со помош на невладините организации членки на МППС, со цел ресоцијализација, психолошка подршка и економско зајакнување на жените жртви на семејно насилство. Во Прирачникот е опишана методологијата за групна работа со жртвите, индивидуалните искуства и напредокот кој тие го постигнале, како резултат на работата со психотерапевтите во период од 2 години. Методологијата може да биде користена само од едуцирани професионалци / психотерапевти кои работат со ранливи категории во рамки на државните институции и невладините организации. Комерцијална банка АД Скопје во рамки на своите општествено одговорни практики, во 2014 година продолжи со подршка и на првиот Семеен центар за жртви на семејно насилство, во соработка со НО Х.Е.Р.А и канцеларијата на Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка