04 Мај, 2024
0.0254

Изборите во Холандија - на хартија и без ИТ системи

Објавено во: Свет 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Подобро безбедно отколку да жалиме. Тоа е водечкиот пристап на холандската влада за справување со стравот од руски хакерски напади за време на претстојните избори. Речиси 13 милиони гласачи во земјата ќе се наредат на 15 март пред 9000 избирачки места, за да го заокружат полето за фаворитот, а потоа овие гласови ќе бидат преброени на рака.

Тоа е еден од драстичните одговори на заканата, која што загрозува и други две европски земји, каде што ќе се одржат избори оваа година - Франција и Германија, пишува интернет изданието politico.eu.

Електронското гласање во земјата е проект од 2006 година, но владата се откажа, бидејќи во информативниот систем, за известување на гласовите, беа откриени доста неточности и ранливи места. Сега, десет години подоцна не е направен систем кој ќе биде доволно безбеден за известување и пребројување на гласови. Откако САД ја обвини Русија за хакирање за време на претседателските избори минатата година, Холандија најави дека електронското гласање отпаѓа.

„Не сакам да има и капка сомнеж врз резултатот“, рече министерот за внатрешни работи Роналд Пластерк, цитиран од весникот. Според него тој не сака и да замисла дека некој може да се посомнева во резултатите.

Холандските власти стравуваат од руска интервенција по години на тензиите со Москва по случајот со паднатиот авион на малезиската авиокомпанија во 2014 година  во источна Украина, во кој загинаа 298 лица, повеќето од нив холандски државјани.

Можеби ќе ве интересира

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)