19 Мај, 2024
0.0275

Избор за најдобар HR менаџер за 2018!

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Професијата човечки ресурси опфаќа многу сфери од нашиот работен живот, и во секојдневието, често нејзината вредност е занемарена. Оваа професија е подлежна на промени, од неа се очекува да биде во чекор со сите промени коишто се случуваат во надворешниот свет . Од вашиот HR менаџер се очекува да ги знае и следи најновите трендови и да ги имплементира во работното место, покрај својата долга агенда на работни обврски. Професијата се менува и следствено на тоа, HR заслужува да биде стратешкиот партнер во секоја компанија. Помогнете ни да го издвоиме и наградиме токму вашиот HR колега за неговиот труд, и номинирајте го за HR менаџер на годината.

Македонската асоцијација за човечки ресурси по петти пат ќе го додели веќе познато признание и награда HR менаџер на годината на менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето.


Номинирајте го HR менаџерот кој сметате дека неговиот труд и работа во 2018 година особено придонеле за развојот на функцијата менаџмент на човечките ресурси, воспоставување и унапредување на HR практиките.

Кој може да биде номиниран?

  одговорното лице за управување со човечките ресурси во Вашата компанија,

  одговорното лице за управување со човечките ресурси од друга компанија,

  можете да го номинирате вашиот колега од областа,

  можете да се номинирате и самите себе.

*Номинираниот треба да има најмалку 3 години работно искуство на позиција HR менаџер, а вкупно работно искуство од најмалку 8 години.

За номинација може да се номинираат HR менаџери од мали, средни и големи претпријатија. 

Како можам да (се) номинирам?

Со попoлнување на овој формулар (https://goo.gl/aWJGYD

Краен рок за доставување на номинации: 15 март 2019

Оваа награда претставува симбол и пример за важноста на HR професијата во организациите и општеството, со призние на HR менаџерот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област.

Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси. Повеќе информации околу изборот може да погледнете тука.

Ги очекуваме Вашите номинации!

#HRManagerOf2018 


Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда