13 Мај, 2024
0.0261

Ивент индустрија – сигурен или ризик бизнис?!?

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Колкави се можностите за развој на бизнис во ивент индустријата и опстојување на истата во Македонија не постојат прецизни анализи. Иако е се поголем бројот на компании кои се решаваат да ги користат услугите кои ги нуди оваа индустрија сигурност за развој и опстојување не гарантира никој. "Тешко е да се зборува за сигурен бизнис кога владее глобална криза и секојдневно пропаѓаат бизниси. Сепак Македонија е пазар кој ако добро го познаваш шансите за да опстанеш се поголеми", вели Милан Тодевски, сопственик на „Event Management Solutions“. Светските истражувања покажуваат дека во оваа сфера опстојуваат оние кои добра ја познаваат индустријата, оние кои се добри играчи на пазарот но најважно од се оние кои вложуваат во техничка опрема. "Прилагодливоста игра голема улога во ивент индустријата, ако знаете да се прилагодите и да играте според трендовите кои се наметнуваат од светот и постојано нудите нешто ново и креативно можностите за опстојување се многу поголеми. Но ако не знаете да се прилагодите кон барањата на клиентите подобро и да не влегувате во овој бизнис", додава Тодевски. За ивент индустријата клучни се искуството, тимот од професионални инженери и техничари, вложувањето во опремата и добрата поставеност на пазарот. Во Македонија настани кои главно се организираат со помош на специјализирани компании се конференции, презентации и семинари, концерти, свадби, корпоративни настани и тим билдинг. Ивент менаџментот подразбира целосна организација на настаните од идеја и концепт, изнајмување на комплетна опрема (бина, озвучување, осветлување, шатори...) до промоција и анализа за успешноста на настанот и проектот.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“