Итна евакуација на 42.000 луѓе: Во Полска пронајдена бомба од 5,5 тони од Втората светска војна
Објавено во: Свет 22 Септември, 2019
Властите во северозападниот дел на Полска планираат да евакуираат околу 42.000 луѓе, откако беше пронајдена масивна сеизмичка бомба од Втората светска војна во близина на пристаништето Шчечин.
„Толбој“ (високо момче) е бомба тешка 5,5 тони и шест метри долга, бомба од овој вид е пронајдена при работа на водоводна линија што води кон Шчечин.
Бомбата, која имаше уништувачка моќност во обем од 10 километри, е најголемата бомба на Втората светска војна пронајдена во Полска, пренесува АП.
Британските сили користеле бомби „толбој“ од јуни 1944 година за да уништат исклучително моќни структури.
Областа околу Шчечин тогаш беше контролирана од Вермахт и беше силно бомбардирана, додаде американската агенција.