03 Мај, 2024
0.0255

ИТАЛИЈАНСКИ ОСТРОВ ДАВА 15.000 ЕВРА АКО ГО ИЗБЕРЕТЕ КАКО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ: Проект вреден 46,5 милиони евра

Објавено во: Економија 13 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Властите на италијанскиот остров Сардинија одлучија да преземат драстични мерки за да привлечат нови жители во руралните средини. Откако некои делови од Италија веќе решија да им платат на луѓето за да ги привлечат на тој начин, на ист начин почнаа и на Сардинија, пренесуваат италијанските медиуми.

По што е познат италијанскиот остров и од каде оваа идеја?

Добрата вест е што не мора еднаш да ги враќате парите што ќе ги добивате, бидејќи тие се наменети за борба против депопулацијата на руралните области и да обезбедат економски стимулации за постојните жители.

Сепак, постојант неколку услови доколку го изберете овој остров. Парите мора нужно да бидат наменети за купување или реновирање куќа, а за да ги исполните условите треба да се населите во општина на Сардинија со помалку од три илјади жители.

За овој проект вкупно се предвидени околу 46,5 милиони евра, што ќе биде доволно за најмалку 3.000 домаќинства.

Сардинија не е единственото италијанско место со ваква понуда за имигранти. Средновековниот италијански град Санта Фјора во Тоскана и градот Риети во регионот Лацио нуделе до 200 евра или 50 отсто од вкупната кирија на луѓето кои подолг период изнајмиле стан или куќа таму со цел да ги извршуваат професионалните задачи од далечина.

Оваа атрактивна понуда е дел од пошироката шема која има за цел да ги охрабри луѓето да се преселат во недоволно населените региони и на тој начин да вдишат нов живот и пари во локалната заедница.

Исто така, за време на пандемијата во Италија, во општината Чинкефронди, каде што нема корона, можеше да се купи куќа за едно евро.

Градоначалникот Микела Конија оваа акција ја нарече „Операција убавина“, а се работи за проект чија цел е да се запре иселувањето на младите во потрага по работа.

Идејата е дека евтиниот имот и убавото опкружување ќе ги „намамат“ луѓето кои ќе вдахнат нов живот во местото, кое е опкружено со ридови, меѓу две топли мориња, а до плажата може да се стигне за 15 минути со автомобил.

И шефот на малото планинско село Бормида во Италија понудил 2.000 евра на секој што ќе реши да се пресели овде, пишуваше претходно „Гардијан“.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски