ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРИЗНАА: Вака веќе не оди, ги сакаме Русите
Објавено во: Економија 17 Јули, 2018
Италија може да стане прва земја членка на ЕУ која поддржува укинување на санкциите кон Русија.
Рим до крајот на годината треба да донесе одлука по ова прашање.
Европскиот совет сака санкциите да останат до 31 јануари 2019 година.
Министерот за внатрешни работи, Матео Салвини вели дека санкциите не носат добро ниту на италијанската економија.
На полето на култура, трговија, безбедност, индустрија веќе имаат добри односи со Русите.
Рим сака италијанските да соработуваат со руските компании.
Салвини во октомври ќе има разговор со рускиот претседател, Владимир Путин за соработка меѓу компаниите од двете земји.