16 Мај, 2024
0.0288

Италијанците избраа „неизвесност“ со популистички и десничарски коалиции

Објавено во: Свет 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Италијанците избраа. Според неофицијалните резултати од вчерашните избори,  тие изгласаа парламент во кој рекорден број места добија популистичките и екстремно десничарските партии . Со тоа, според експертите, Италија која е третата по големина економија во еврозоната влегува во политички ќор-сокак кој би можел да трае со месеци.

Движењето „Пет ѕвезди“на Луиџи ди Мајо (31) освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија, но недоволно за сами да формираат влада, покажуваат прелиминарните резултати. Според првите проекции, „Пет ѕвезди“ освои 33,1 отсто гласови на Сенатот и 34,1 процент за Домот на пратеници.

Според истите податоци, на второ место е Демократската партија, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци,  со 18,7 отсто за Сенат и 18,1 отсто за Домот на пратеници.

Следни се коалициските партнери - десничарската и евроскептична Лига за Северот на Матео Салвини (44) и партијата „Форца Италија“ на Силвио Берлускони  со 17,3 отсто и 14,1 процент за Горниот дом, односно 15,8 и 13,0 отсто за Долниот дом на Парламентот.

Тие две партии, заедно со нивните помали коалициски партнери, според истите проекции, освоија најмногу гласови за двата парламентарни дома (36,6 отсто, односно 34,8 отсто), но тие немаат доволно гласови за сами да формираат влада.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“