Италија заплени рекордна количина албанска марихуана
Објавено во: Балкан 24 Јули, 2017
Италијанската полиција имаше богат плен откако пронајде 1,5 тони марихуана која била шверцувана од Албанија.
Во акцијата се уапсени двајца албански државјани кои со моторен чамец ја транспортирале дрогата.
Во меѓувреме грчката полиција запленила 85 килограми марихуана на патниот правец Арта-Месолоѓи,кај местото Сакула. Уапсен е 33-годишен Албанец кој дрогата ја транспортирал со автомобил со грчки регистарски таблички.
Во две одделни акции албанската полиција запленила 285,5 килограми марихуана,од нив 210 во близина на Валона. Останатите 75,5 килограми се запленети од полицијата во градот Фиер, при што уапсени се три лица кај кои е пронајдено и запленето и оружје и муниција.