14 Мај, 2024
0.0354

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИЗБОРИТЕ 2020: Младите како кандидати за пратеници се ретко на добитни позиции

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Просечната возраст на кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни е избори е 42,54 години. Партијата со најмлади кандидати има просечна возраст од 32,3 години, додека највисоката просечна возраст кај една партија е 53,2 години. Најмладите кандидати на овие избори имаат 18 години, додека највозрасниот кандидат 87 години. Ова се дел од наодите на новото истражување на Фондацијата за демократија на Вестминстер за позицијата на младите на парламентарните избори 2020. Истражувањето цели да обезбеди информации и поттикне дискусија за тоа како младите, како една од маргинализираните групи во општеството, се претставени на листите и програмите на политичките партии.

Според истражувањето, дури и кога младите се претставени на листите, првите позиции со најголема веројатност за пратеничко место, се помалку достапни за нив. Според кандидатските листи, кандидатите на првите 5 позиции се 2,6 години постари од остатокот од кандидатите. Изборната единица со најмлади кандидати во просек е И.Е. 6 со 40,6 години, додека највисока просечна возраст има во И.Е. 1 со 44,7 години.

Гледајќи ја застапеноста на младите кај политичките партии со кандидатски листи во сите шест изборни единици, политичката партија со најмногу млади има 38 млади лица од 120 кандидати, додека само 3 партии одвоиле над 30 позиции за млади кандидати од своите 120. Процентот на застапеност на млади лица на возраст од 18 – 29 години на листите се движи од 35% кај партијата со најмногу млади кандидати, до 1,7% кај партијата што има најмал број.

Иако младите луѓе сочинуваат голем дел од населението и се клучна алка за одржливоста на општеството, тие се најчесто диспропорционално вклучени во политичките тела кои ги претставуваат интересите на граѓаните. Отсуството на можности за квалитетен живот резултира со иселување, незадоволство и апатија. Поради ова вклученоста на младите во политичките процеси е предуслов за подобрување на можностите за младите во земјата, а нивната претставеност во институциите кои ги претставуваат граѓаните важна за нивната репрезентативност.

Учеството на младите е комплексно прашање со различни аспекти, но малку се зборува за застапеноста на младите во институциите кои носат одлуки и во програмите на политичките партии од кои често се раѓаат јавните политики. Со овие податоци Фондацијата за демократија на Вестминстер се обидува да ги стави младинските прашања во фокусот преку парламентарните избори 2020. Податоците кои се анализирани се обезбедени преку веб страницата: https://candidatelist.sec.mk/

Фондацијата за демократија на Вестминстер во идниот период покрај анализата на податоци на кандидатските листи ќе изработи и анализа на програмите на политичките партии за изборите, кој ќе биде објавена на есен. ВФД ќе продолжи да работи со Собранието на Република Северна Македонија и Клубот на пратеници за младински прашања и политики, како и институциите надлежни за младински прашања, училишта, граѓански организации и млади луѓе за поддршка на младинското учество во земјата.


Можеби ќе ве интересира

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

Најчевска: ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци со јасни територијални аспирации кон Македонија

Најчевска: ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци со јасни територијални аспирации кон Македонија

ПЕНДАРОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ДРЖАВНАТА ПЕНЗИЈА: Но, ќе користи обезбедување и канцеларија

ПЕНДАРОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ДРЖАВНАТА ПЕНЗИЈА: Но, ќе користи обезбедување и канцеларија