03 Мај, 2024
0.0263

Истражување: Сок од домат против рак на дојка

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Студијата спроведена на Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси покажа дека доматите потенцијално можат да го превенираат ракот на дојка.

Во студијата биле опфатени 70 жени над 55 годишна возраст при што им биле мерени хормонските нивоа пред и по зголемувањето на внесот на домати во период од десет недели.

Сите жени кои што биле вклучени во студијата имале повисок ризик за појава на рак на дојка поради зголемената тежина или блиското сродство со некоја личност која што била дијагностицирана со болеста. Внесот на ликопен – хемикалија на доматот која што му ја дава црвената боја бил зголемен, со што последично се зголемило и нивото на хормонот адипонектин за девет проценти. За ликопенот се смета дека помага во превенцијата на ракот на простата. Експертите советуваат дека чаша сок од домати во текот на денот содржи соодветна количина ликопен која што помага во превенцијата на ракот на дојка. Резултатите биле уште позначајни кај послабите жени со што се подвлекува потребата за борба со вишокот килограми.