Добивај вести на Viber
Заминувањето на клучниот човек во некогашиот тим на Груевски допрва ќе биде предмет на оцени и анализи.
Контроверзен и дрзок, арогантен и самобендисан, но успешен менаџер и правичен за вработените, тоа ли е Зоран Ставрески?
Во делот на неуспешните проекти многумина му забележуваат дека успеа да го дуплира јавниот долг на РМ. А при тоа парите беа потрошени во непродуктивни инвестиции, пред се во Скопје 2014. На негова душа оди и неуспешната продажба на ТЕЦ Неготино, делумно реализираниот проект „Купи куќа, купи стан“. „Чисто“ фијаско во неговата кариера е Субрата Рој, како и учеството во црниот понеделник.
Клучни успеси се намалувањето на невработеноста и стабилниот, иако низок, раст на економијата.