05 Мај, 2024
0.0231

Искуси повозбудлив начин на снимање со новата Action Cam HDR-AS20

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Летото е на прагот – пречекајте го подготвени. Доживејте ги сите возбудувања што следат заедно со новата Action Cam AS20. Со помош на широкоаголниот објектив ZEISS Tessar, ќе ги снимите вашите авантури со агол од 170° (120° при активирана стабилизација SteadyShot) што е речиси приближно на видното поле на човечкото око. Сите брзи движења и потреси на камерата се елиминирани или ублажени од стабилизацијата SteadyShot, при возење на велосипед, потреси од бранови или пак под влијанието на ветерот. Секако како додатна димензија на реализам во самата видео содржина придонесува и стерео микрофонот, кој доловува доста богат и природно мек звук. Со тоа секојдневните авантури поминати со Action Cam AS20 ќе станат незаборавни. Сензорот Exmor R™ CMOS со позадинско осветлување, ќе ви овозможи да направите фотографии и Full HD видеа со одличен квалитет, дури и во услови на мрак, кога нема доволно светлина за камерата. Високиот пренос на податоци овозможува снимање и до 28Mbps за слика со висок квалитет и богата со детали, дури и во сцени каде што има премногу елементи и камерата бележи почести движења. Вградениот Wi-Fi, внатре во камерата ја олеснува конекцијата со додатокот за контрола на камерата, далечинскиот управувач за на рака, RM-LVR1 Live-View. Достапен како дополнителна опција, овој елемент кој притоа е и водоотпорен, овозможува монтирање на дури пет камери на тешко достапни места како на пример предницата на велосипедот или пак самата заштитна кацига – кога сте на скијање. Додатна флексибилност на самата камера и додава вградената ротирачка функција на самата слика во услови кога камерата е поставена на површини каде што лесно може да се ротира наопаку за 180°. Тенкиот дизајн на Action Cam ја прави достапна каде и да одите, било на планинска авантура со велосипед или пак екстремни спортови и скејт-парк. Аеродинамичниот дизајн помага при лесно справување со притисокот на воздухот, и камерата се справува одлично со сите надворешни услови при спуштање со велосипед на стрмни удолнини или пак скокање со падобран и параглајдер. Батеријата трае многу подолго за разлика од претходниот модел на Action Cam. Сега таа може непрекинато да снима видео дури до 130 минути кога е вклучен Wi-Fi и 150 минути кога Wi-Fi не е во функција. По снимањето со Action Cam надвор, апликацијата PlayMemories Home Ви овозможува лесно доуредување на сите снимени видеа на Вашиот компјутер дома, и дополнително споделување на сајтови како што се Facebook® and YouTube™. New Video Merge овозможува креирање на поделен екран дури до четири видеа кои се симултано снимани, како и нивно следење и уредување. Новата HDR-AS20 Action Cam од Sony е достапна во продажба.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ