ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел
Објавено во: Свет 23 Април, 2024
Иран се закани дека ако Израел пак изврши напад на нивна територија, прашање е дали ќе остане нешто од нив.
Иранскиот претседател Ибрахим Раиси го доведе во прашање постоењето на „израелскиот режим“ во случај на нов напад на еврејската држава на територијата на Иран.
„Ако Израел повторно направи грешка и ја нападне иранската територија, ќе се соочи со сосема други последици и не е јасно дали нешто ќе остане од Израел“, рече Раиси, обраќајќи им се на студентите на Универзитетот Лахоре во Пакистан, пренесе ИРНА.
На 14 април, Иран го нападна Израел со стотици проектили и беспилотни летала како одговор на неговиот напад врз конзулатот на Исламската Република во Сирија.
Други држави му помогнаа на Израел да го одбие нападот: американските сили уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички ракети, соопшти американската Централна команда.
Израелската армија се подготвува да ги евакуира палестинските цивили од најјужниот град Рафа во Газа, пред планираната офанзива против Хамас, наведува американскиот весник „Волстрит џурнар“. На 7 октомври лани палестинската група Хамас почна со напади на Израел и оттогаш се во војна.