18 Мај, 2024
0.0264

Иран ја повика “шесторката” да избира меѓу договор и принуда

Објавено во: Свет 10 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Техеран ја повика "шесторката" да избира меѓу договор и принуда.

Тоа го изјави за ирански новинари министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф, цитиран од агенциите.

Многу пати сме велеле дека договорот и принудата се некомпатибилни. Едното од двете мора да биде избрано, предупреди тој.

Зариф појасни дека Иран констатира претерани барања од светските сили (САД, Русија, Франција, Кина, Велика Британија и Германија) и видливи промени во позициите.

Меѓу самите земји од "шесторката" се набљудуваат несогласувања. Ова е комплексна работа, продолжи првиот дипломат на Иран.

Според него инаку работата на изработката на документот продолжува. Не треба да ја напуштаме масата на преговори, категоричен е Зариф.

Од своја страна, заменик-министерот за надворешни работи на Иран Маџид Раванчи изјави дека во моментот не може да се зборува за неуспех на преговорите, но западните земји треба да усвојат сложени одлуки.

Вчера државниот секретар на САД Џон Кери се закани дека ќе ги напушти нуклеарните преговори меѓу светските сили и Иран, алудирајќи дека дипломатите нема да склучат договор со Исламската република во наредните часови.

Ново одложување може да ги усложни напорите на САД брзо да спроведат договореното. Иранците веднаш одговорија, обвинувајќи ги САД и европските сојузници во создавање на пречки.

Кери и западни официјални претставници соопштија дека Иран се уште не донел тешко политичко решение за запирање на нуклеарната програма. Но висок ирански претставник истакна дека Американците и нивните партнери се оние кои враќаат назад неколку клучни ангажмани, се однесуваат на постојаното ниво на нуклеарна активност во Иран и одредување на краен рок за отстранување на економските санкции против Техеран.

Кери изјави во Виена дека не може да чекаат постојано, за да се донесе одлука. Ако не се преземат тешки одлуки, ние сме подготвени да го прекинеме овој процес, се закани тој.

Ова е најсилната индикација дека САД почнуваат да губат трпение со Иран. Пред неколку дена американскиот претседател Барак Обама изјави дека трпението е исцрпено по речиси 2 недели континуирани преговори.

Иран и "шесторката" требаше да склучат долгорочен договор на 30 јуни, но на два пати го продолжија рокот за преговори. Денес истекува последното продолжување на преговорите.

Според американските закони преговорите требаше да завршат пред крајот на вчерашниот ден во Вашингтон, за да се избегне 60-дневен преглед на евентуалниот договор во Конгресот, што нема да му дозволи на Обама брзо кревање на санкциите против Иран.

Можеби ќе ве интересира

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција