02 Мај, 2024
0.0249

iPhone троши повеќе струја од фрижидер

Објавено во: Стил 17 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Телефоните од последните серии на iPhone трошиат повеќе струја на годишно ниво од фрижидерот. Ова го покажа студијата на институтот Breakthrough, според која годишно корисник на  iPhone троши 361kWh струја, а фрижидер во просек троши околу 322kWh струја за истиот период. Ваквата потрошувачка се однесува на вкупната струја потребна за уредот да има безжична конекција, за преземањето и користењето податоци и за полнење на батерија. Само уредите од информатичките и комуникациски технологии, трошат околу 10 проценти од светската струја. Поради интернетот кој станува неопходен, се очекува овој процент да расте.