18 Мај, 2024
0.0263

Инвеститорите ја вратија довербата во Кина

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Приливот на странски директни инвестиции (СДИ) во Кина, минатата година, значително се пдообрил во однос на падот од 2012 година. До тоа дошло благодарение на скокот на довербата во потенцијалниот еконосмки раст на вотрата најголема економија во светот. Кинеските инвестиции во странство исто така забележале раст, а официјалните лица тврдат дека оваа година може да се надмине обемот на инвестициите кои доаѓаат, пренесува Франс прес. Вкупната вредност на СДИ во Кина, минатата година, достигнала 117,59 милијарди долари, што според соопштението на кинеското министерство за трговија, претставува значително опоравување. Најновите податоци се за 5,3 отсто повисоки во однос на 111,72 милијарди долари од 2012 година, кога СДИ, за прв пат за три години, беа намалени за 3,7 отсто, поради економската слабост на развиените пазари и забавувањето на растот во Кина. Кинеските инвестиции во странство пораснале минатата година за 16,8 отсто на 90,17 милијарди долари, бидејќи кинеските компании продолжиле да купуваат странски активи. „Кинеските инвестиции во странство веројатно идната година или во 2016. ќе го надминат обемот на СДИ, но не е исклучено тоа да се случи уште оваа година“, изјави портпаролот на кинеското министерство за трговија, Шен Данџенг.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков