05 Мај, 2024
0.0280

Интервју Влатко Деков: Програмите за намалување на штети од употреба на дроги имаат здравствени и социо-економски придобивки за државата и граѓаните

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Фактор: Здружението ХОПС веќе години наназад се залага за правата на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници, како го правите тоа и како работите?

Влатко Деков: Повеќе би рекол заштита и почитување на правата на овие маргинализирани наши сограѓани и преку тоа заштита и на заедницата од ескалација на негативни појави и тенденции. Работиме врз основа на принципите на етички однос кон сите маргинализирани групи. Нашата цел е нивна интеграција и ресоцијализација во општеството. Програмите што ги спроведуваме и кои се насочени кон намалување на штетите од употреба на дроги се карактеризираат со комплементарност и нудат повеќе услуги на едно место. Размена на стерилен прибор за инјектирање, дистрибуција на кондоми, услуги од медицинско лице во смисла на советувања, базичен третман на рани поради долготрајно и неправилно инјектирање, едукации. Исто така, обезбедуваме социјален работник за поддршка за остварување на правата од социјална и здравствена заштита, асистенција и придружување на клиенти до соодветни институции и организации. Теренска работа, тестирање за ХИВ и за хепатит Ц, а во 6 градови и бесплатна правна помош се бројни функции на овие програми. Сето тоа го правиме во континуирана и динамична комуникација со овие граѓани, ги следиме нивните потреби и се грижиме да им помогнеме.

Фактор: Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија се од 1996 година, колку се залагаат министерствата и поединци политичари на оваа тематика?

Влатко Деков: Точно така, првата програма за намалување штети е отворена во 1996 година. Работевме на размена на прибор за инјектирање и ХИВ превенција меѓу луѓето кои користат дроги. Со поддршката на Глобалниот фонд, од 2004 година се отворија вкупно 17 вакви програми во 14 градови во целата земја. Благодарение на овие програми, во последниве десет години, во Македонија значајно се редуцирани новите случаи на ХИВ преку инјектирање дроги. Но, наспроти нашиот граѓански и личен ангажман, како и достапноста на програми и фондови, од локалните, домашни институции и надлежни тела, единствено Град Скопје учествува во кофинансирање на еден центар за намалување штети. Сите други програми и активности се финансирани од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, чија поддршка завршува на 30 јуни 2017 година. Останатите надлежни институции, министерства, како и политичарите досега се апстрахираа од оваа тема. Сепак некои нови промени почнаа да се случуваат и новиот министер за здравство Арбен Таравари не прими на состанок на кој разговаравме за продолжување на овие програми и нивно финансирање од Буџетот на Република Македонија и тој не увери дека Министертсвото за здравство ќе застане комплетно во подршка на програмите.

Фактор: Зошто се потребни програмите во Македонија?

Влатко Деков: Постоењето на овие програми е од исклучителна важност за справување и намалување на последиците кои се појавуваат како резултат на употреба на дрога пред се на превенцијата на ХИВ. Поточно, постоечките меѓународни студии покажуваат дека стапката на ХИВ во градовите каде постојат вакви програми, се намалува за 18,6% годишно, додека во градовите каде нема вакви програми се зголемува за 8,1% годишно. Во Македонија во последниве десет години се евидентирани само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, а помалку од 5% од вкупно 315 регистрирани случаи со ХИВ биле луѓе кои инјектираат дроги. Македонија е со најниска стапка на ХИВ во регионот на Југоисточна Европа. Овие бројки се далеку помали за разлика од состојбите во другите земји соседи на Македонија и затоа нивното евентуално затворање претставува сериозна закана за јавното здравје во државата, особено што се однесува на ХИВ и на хепатит Ц. А тоа што, состојбите кај нашите соседи, околните земји се далеку полоши е закана за нас. Имено, доколку не се работи како досега, доколку се затворат програмите состојбата од соседството многу лесно ќе се прелее кај нас. Треба да знаеме дека многу сериозен проблем ќе се наметне со прекинување на континуитетот на програмите. Поради тоа потребно е вклучување на овие програми во локалните буџети и националниот буџет на соодветните министерства, што ќе обезбеди понатамошното работење на овие програми и одржување на ниската ХИВ преваленца.

Фактор: Колку програмите им се потребни на здруженијата со цел да се превенираат негативни појави во општеството?

Влатко Деков: Знаете, овие програми се пред се потребни на граѓаните на Македонија, не на здруженијата, тие се корисни за целото општество, затоа што со обезбедување на сите правни, медицински и социјални права и потреби на засегнатите граѓани, покрај што им помагаме ним и ги насочуваме кон корисни и способни граѓани, уште ги сведуваме на минимум негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги, посебно појавата на ХИВ но и намалување на криминалот. Програмите се препознаени како добра пракса не само во регионот туку и пошироко. Доколку не би интервенирале ние со нашите програми, над 10.000 луѓе, граѓани на оваа држава, наши соседи, познаници, пријатели кои употребуваат дроги како и членови на нивните семејства, ќе останат без соодветна здравствена и социјална заштита. Затоа ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, започнува со кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница” чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија.


Фактор: Што би се случило и кои се можните сценарија доколку овие програми бидат прекинати?

Доколку не се одржат овие програми, постои ризик од ХИВ епидемија, како резултат на интеракција со епидемиите во соседните земји и зголемување на ризичното однесување. На тоа се надоврзува и финансискиот фактор. Ваквиот пристап и овие програми имаат и економски бенефит, односно овие програми се поевтини отколку трошокот за лекување на зависноста или со други зборови вложувањето на 100 денари во овие програми значи заштеда од  400 до 1000 денари. Според пресметките, трошокот за еден клиент во програмите за намалување штети изнесува приближно 155 евра годишно. Наспроти ова, трошокот само за лекови за еден пациент заболен од хепатит Ц изнесува и до 13.194 евра, а ненавременото и несоодветно лекување хепатит Ц предизвикува цироза на црн дроб, чие лекување чини повеќе од 30.000 евра по пациент. Дополнително, трошоците за лекување ХИВ и хепатит Ц финансиски ги исцрпуваат семејствата на луѓето кои имаат потреба да се лекуваат, а со тоа понатаму се мултиплицираат непожелните трошоци и се нарушува целокупната општествена благосостојба. Така што, превенирањето на само еден случај на Хепатит Ц ја прави програмата повеќе од исплатлива. Несомнено програмите за намалување на штети од употреба на дроги значително придонесуваат за заштита на јавното здравје во Македонија и нивното укинување е закана не само за јавното здравје туку и за националната економија и за општествената благосостојба.

Фактор: Која е пошироката слика од употребата на дроги, какви се тенденциите во државата и какви се резултатите од досегашната ваша работа?

Влатко Деков: Употребата на дроги покрај медицинскиот аспект неминовно ги вклучува и социо-економските последици како за индивидуата, така и за семејството и за општеството пошироко. Стигма и дискриминација, социјална исклученост, бездомништво, криминални активности се некои од најзачестените појави поврзани со употребата на дроги и тие се товар на целото општество.  Затоа општеството преку програмите за намалување на штети се труди да ги намали овие појави. Според светските индикатори за развој, Македонија е земја со висок среден приход односно спаѓа во групата средно развиени земји и е една од земјите со најниска преваленца на ХИВ (помалку од 0,1%) на глобално ниво. Ова се должи на навременото вклучување на групите ранливи на ХИВ во јавно-здравствените служби, во програмите за превенција, за третман, за грижа и за поддршка, а градени и управувани од засегнатите заедници и во соработка со нив. Општествени придобивки од програмите за намалување на штети се големи и програмите што се одвиваат во 14 градови во Македонија демонстрираат импресивни резултати. Според резултатите нашите програми се оценуваат како едни од најдобрите во Централна и во Источна Европа, како и во Централна Азија. Најзначаниот резултат е тоа што во последните десет години има само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги. А според податоците на 17 центри каде се одвиваат овие програми само во 2016 година биле овозможени вкупно 73.947 различни услуги за 4.397 луѓе кои употребуваат дроги и за членовите на нивните семејства од кои 48.360 се  медицински услуги, 23.509 социјални услуги,  935 правни услуги и 1143 психијатриски и психолошки услуги.

---

Здружението на граѓани, ХОПС, како дел од меѓународната кампања Support. Don’t Punish. (Подржи не казнувај) спроведува потпишување петиција за финансирање на програмите за намалување на штети од буџетот на Република Македонија. Петицијата може да се потпишe онлајн линкот.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/hops.org/ или на веб сајтот

http://www.kampanja.hops.org.mk/



Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото