18 Мај, 2024
0.0269

ИНТЕРВЈУ Темелко Ристески: Власта има интерес да го крие вистинскиот број на вработени во администрацијата!

Објавено во: Економија 30 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

За плати и надоместоци на администрацијата следната година од буџетот ќе се одвојат над 421 милион евра. Анализирано по години издашноста на буџетот за администрацијата од година во година расте. Така во 2011 година за оваа ставка биле одвоени 365 милиони евра, а годинава близу 400 милиони евра, или сумирано за шест години вклучувајќи ја и 2016 година за плати на администрацијата ќе се потрошат скоро 2,3 милјарди евра. Дали износот се зголемува поради порастот на платите во администрацијата или поради зголемувањето на бројот на вработени во јавниот сектор? Бројката на администрацијата до пред неколку дена се држеше во нјаголема тајност. Откако излезе информацијата дека 180.000 лица работат во јавниот сектор, и министерството за информатичко општество излезе со инфромација дека во администрацијата работат  123.000 лица. Годинава треба да заврши изработката на регистарот кој треба да ја покаже точпната бројка на администрацијата. Лошото досегашно искуство со владејачката гарнитура не ми дава основа да се надевам дека вистината за точниот број на  административни службеници  со регистарот ќе излезе на виделина, вели во интервју за Фактор универзитетскиот проф.д-р Темелко Ристески, декан на Универзитетот ФОН. Фактор: За следната година од буџетот се планирани над 421 милион евра за плати на администрацијата, а анилизирано од 2011 година вклучително со 2016 година за оваа ставка ќе се потрошат скоро 2,3 милијради евра. На што се должи зголелубвањето на парите за администрација, нови вработувања или повисоки плати? Ристески: Зголемувањето на износот на пари од буџетот за потребите на администрацијата  пред се се должи на зголемувањето на бројот на вработени во администрацијата. Владејачката гарнитура, со цел да си обезбеди што е можно побројно гласачко тело,  ги полни органите и институциите на админстрацијата со нови вработени, од кои таа без сомение очекува да и бидат лојални, затоа што им обезбедила какво такво вработување, а со тоа и плата. Во услови на пазарна економија со предоминантен приватен капитал органите и институциите на администрацијата  се единствен простор за вработување на невработени  граѓани од страна на власта. Во такви услови државната власт е најголем работодавец. Покрај тоа што власта со вработувањето на нови кадри во администрацијата обезбедува бројно гласачко тело, во услови на висока стапка не невработеност таа,  во извесна мера го  намалува и притисокот на граѓаните за вработување. Но, мислам дека основен мотив за  перманентното зголемување на бројот на вработени во администрацијата е  зголемување на бројноста на гласачкото тело за кое власта смета дека ќе и биде лојално на извоборите и тоа „нешто милом, нешто силом“. Во врска со ова морам да нагласам дека и на следните избори нема да изостанат притисоците и уцените  од страна на власта кон вработените во админситрацијата да гласаат за  партитие на влдечката гарнитура. Досегашната пракса тоа го покажала во повеќе наврати, па без соменние тоа нама да изостане ни на следните избори, можеби со помал интензитет отколку во претходните избори, затоа што се очекува засилен миноторионг на изборите, но сигурно е дека тоа ќе го има. Vulpes pilum mutat, non mores – Лисицата влакното го менува но не и навиките. Ова латинска поговорка во потполност се однесува и на нашата власт. Фактор: Од февруари годинава стапи на сила новиот закон за администрација, кој е според европските регулативи и предвидува строги критериуми за вработување во јавниот сектор. Колку ваквите законски измени ќе ја направат администрацијата поефикасна и непартизирана? Ристески: Новиот закон за админстративните службеници и покрај недостатоците во поглед на оценувањето на службениците, на  наградувањето и водењето во службата, е работен според европски терк и до колку доследно се применува би требало да обезбеди  вработување во редовите на администрацијата на стручен и со самото тоа квалитетен кадар кој би овозможил зголемување на ефикаснота во сервисирањето на граѓантие од страна на администрацијазта. Но, не очекувам дека тоај закон доследно ќе се применува. Кај нас законите служат само како нормативна фасада зад која стои грубата реалност на нивното непочитување и изигрување. Законот е веќе девет месеци во правна сила. Верувам дека ќе се сложите со мене, не се гледа никакво подобрување во насоката на надминување на старата пракса на вработување на партиски кадри. Фактор: Дали новите законските измени се применливи на терен? Ристески: Применливоста на законите бара високо развиенса правна свест, правна култура, високо развиено чувстово за ред и поредок во општеството. Условите на ниска правна  култура, рудиментирано чувство за ред и поредок во општеството кои постојат во македонското општество не гаранатираат применливост на било кој закон, па се разбира и на Законот за административни службеници. Фактор :Во европските извештаи постојано има забелешки за администрациајта во однос на стручноста и ефикасноста. Што значи професионална и ефикасна администрација, и каде е нашата администрација во тој контекст? Ристески: Поимот прифесионална  администрација подразбира администрација составена од службеници школувани и оспособени за ефикасно извршување на работите и работните задачи на нивните работни места. Тоа се луѓе со развиено чувство на одговрност кон самите себе, кон својата совест, одговорност кон органот односно ниституцијата во која што работат и пред се и над, се одговорност кон граѓаните кои со своето работење ги сервисираат. Совесни, самосвесни и одговорни тие не подлежат на партиски притисоци и уцени и работите ги вршат совесно и одговорно согласно со Уставот, и законите. Само со такви административни службеници може да се создаде ефикасна администрација. Ефискано може да работи само оној службеник кој што си ја знае работата и кој што е високо мотивиран за извршување на работите и работните задачи и  кој што, како таков, сака да работи. Нашата администрација е гломазна и неефикасна, поради недоволната стручност на административните службеници, високиот степен на бирократизираност и недоволната мотивираност за работа. На Република Македонија и треба мала, стручна високо мотивирана и со самото тоа и ефикасна адмнистрација. Гломазната администрација никогаш не може да биде ефикасна. Таа е нееласатична, трома, бирократизирана и технократизирана. Стручните и мотивирани администратинви службеници  во нејзините радови се гушат во големиот број нестручни и слабо мотивирани  службеници. Фактор:  Во јавноста до пред неколку дена во тајност се држеше бројката на вработени во администрација. Откако излезе информацијата дека 180.000 лица работат во јавниот сектор, и ресорното министерство излезе со бројка но многу помала, 123.000 лица. На која бројка верувате и зошто држеше во тајност? Ристески: Мислам дека вистинската бројка е поголемата - 185 000  вработени. Ова поради тоа што администрацијата со години се пумпа со нови кадри.  Пред четири,  пет години се оперираше со бројка од 120.000,  со константото „пумпање“ на адмнистрацијата оваа бројка одамна  е надмината. Власта има интерес да го крие вистинскиот број на вработени во админситрацијата, затоа што таа енормно го оптоварува буџетот од една страна, а од друга страна не е доволно ефикасна. Постапктие за остварување на правата и обврсктие на граѓаните се влечкаат со месеци, а некои и со години наместо за се завршуваат за 15 дена во скратената испитна постапка и 30 дена во посебната испитна постапка, однсно најмногу  за три до четири месеци ако странката го обжалила решението. Фактор: Министерството за информатичко општество најави изработка на регистар на вработени во администрација ,  очекувате ли кога ќе биде готов регистарот да се знае точната бројка на буџетарите? Ристески: Регистарот на вработени во админситрацијата е добра работа, ако педантно се изработи и води. Но владејачката гарнитура досега се покажала како вешт фалсификатор на виситината и манипулант со податоците. Затоа не очекувам дека регистарот ќе се изработи  така да ја покаже вистинсакта бројка на вработени во администрацијата. Лошото досегашно искуство со владеачката гарнитура не ми дава основа да се надевам дека вистината за точниот број на  административни службеници ќе излезе на виделина. Фактор: Анектите за пазар на труд покажуваат дека работата во администрација е најпосакувана, зошто секој сака да работи под државна капа? Ристески: Нема сомнение дека вработувањето во администрацијата е најпосакувано. Има повеќе причини за тоа . Ќе ги наведам само некои. Прво платите се редовни и сигурни. Државата последна банкротира. Второ адсминистрацијата е власт, дел од извршната власт, секој млад човек сака да работи во власта, или да биде блиску до неа. Тоа дава извесно чувство на моќ, моќ на човек од власта. Работнте места се многу посигурни отколку во приватниот сектор, каде  вработениот може многу лесно да биде избркан од работа. Кај администратиниет службеници тое не оди така лесно.  Трето луѓето од власта секогаш помалку или повеќе се привилегирани во однос на останатото граѓанство. Се разбира во зависност од тоа во кое министерство или во каква институција работат. Оние службеници кои се вработени во министерствата од редот на раководните и стручните службеници често патуваат во странство, па паѓа и по некоја дневница и сл. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа