15 Мај, 2024
0.0271

ИНТЕРВЈУ Ставрева: Наградата за кампањата Јас внимавам е потврда дека безбедноста на патиштата е предизвик за целата заедница

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Издвојувањето на Јас внимавам на национално ниво, во навистина силна конкуренција од кампањи на големите компании во државата, за нас претставува дополнителен мотив и предизвик да продолжиме да ги вложуваме нашите ресурси во подобрување на сообраќајната култура во земјава“ , вели 

Марија Ставрева-

Менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации, ОКТА АД Скопје во интервјуто за Фактор.


На 10-тата јубилејна манифестација Национална награда за најдобри општествено одговорни практики, ОКТА ја доби наградата за најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата вложување во заедницата кај големите компании. Освен што тежината на наградата доаѓа од предзнакот национална, што претставува оваа награда за вас лично и за компанијата?

МС:Честа и задоволството на сите вработени во ОКТА несомнено се големи, затоа што оваа награда доаѓа како уважување на нашиот труд и посветеност, но најмногу од сè значи признание на важноста на целите за кои што се заложува оваа кампања. Издвојувањето на Јас внимавам на национално ниво, во навистина силна конкуренција од кампањи на големите компании во државата, за нас претставува дополнителен мотив и предизвик да продолжиме да ги вложуваме нашите ресурси во подобрување на сообраќајната култура во земјава. Благодарни сме на изборот направен од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и на Министерството за економија на Република Македонија и особено сме благодарни на поддршката која ја добивме од страна на Министерството за внатрешни работи и на нивната доверба во спроведувањето на оваа кампања заедно. Признавањето на вредноста на кампањата значи дека сите овие авторитети, институции и тела ја разбираат значајноста на темата безбедност во сообраќајот и ги прифаќаат нашите пораки и нашата мисија. Во знак на сеќавање, оваа награда ОКТА му ја посветува на неодамна починатиот г. Евангелос Странис, поранешен претседател на Одборот на директори на ОКТА АД - Скопје, кој секогаш нѐ охрабруваше и инспирираше во нашите општествено одговорни активности.


Што претставува кампањата, од каде потекна идејата за создавање една ваква кампања?

МС:Ние сме компанија којашто редовно ги следи состојбите во заедницата од која сме дел, ги согледуваме проблемите и гледаме каде можеме да бидеме корисни и да придонесеме, да направиме значајна позитивна промена. Гледајќи дека безбедноста на патиштата е голем предизвик за целата заедница, заклучивме дека истата заслужува континуирано и зголемено внимание, како и конкретна акција. Согледувајќи го проблемот, дојдовме до идеја, во 2017 година нашиот општествено одговорен ангажман да биде насочен кон креирање и спроведување кампања којашто ќе има за цел подигнување на јавната свест за потребата од поголема лична и колективна безбедност во сообраќајот. Кампањата делува едукативно кај најмладите учесници во сообраќајот, додека возрасните ги мотивира на одговорно однесување што ја прави сеопфатна. И тоа го прави на многу суптилен и пријателски начин, преку награди, донации и различни иновативни активности, секогаш апелирајќи за неопходноста од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи. Имајќи го предвид холистичкиот пристап во третирање на проблемот, очекуваме да придонесеме кон создавање одржлива култура за побезбедни сообраќајници, а со тоа и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и незгоди.

Станува збор за значајна и пред сè неопходна кампања и според досегашното спроведување какви се вашите впечатоци?

МС:Јас Внимавам е создадена по завршувањето на нашата претходна национална кампања Шанса за живот, која што беше посветена на подобрување на условите на Интензивниот оддел на Клиниката за детски болести. И таму направивме многу, дониравме инкубатори и голем број медицински апарати и опрема што беше потребна и недостигаше на ова одделение. Додека Шанса за живот беше наменета за подобрување на условите на одделението за интензивна нега, кое што има пресудна улога во првите денови на новороденчето, Јас внимавам има за цел да ги направи нашите патишта и улици побезбедни, за сите, потсетувајќи ги возачите за очигледните секојдневни ситуации, да не возат под дејство на алкохол, да користат безбедносен појас, мотоциклистите да користат заштитен шлем, секако да се внимава на пешаците, да се прилагоди брзината на патот и слично.Искрено верувам дека со сите активности кои ги имаме преземено досега сме успеале да влијаеме на нечија свест, да разбудиме нечија одговорност и да превенираме. Ако успеавме да спречиме барем една несреќа, вредеше цела оваа наша заложба.


Во неколку години ОКТА спроведува две големи, национални кампањи за подигнување на општествената свест, на што се темели овој пристап на компанијата?

МС:Во рамки на целата Хеленик Петролеум Групација, од која е дел и ОКТА, општествената одговорност е прифатена како вграден механизам во секојдневните активности на компанијата, во нашите политики, како и бизнис стратегија. Kако една од најголемите компании во земјава ја чувствуваме потребата да вратиме и вложиме во заедницата во која делуваме. Важна улога во овој процес имаат и нашите вработени кои многу често доброволно поттикнуваат акции со кои ја демонстрираат својата наклонетост кон хуманоста и волунтаризмот. Со нашите човечки ресурси градиме посебен однос, секогаш стремејќи се да им обезбедиме добра работна средина, професионален развој и сигурност за нив и нивните фамилии. Но нашата корпоративна свест не застанува тука. Преку етичко управување, настојуваме да изградиме фер и транспарентен однос со сите наши партнери, добавувачи и акционери. Како главен снабдувач на нафтениот пазар во земјава, на нашите клиенти им нудиме горива со највисок квалитет произведени во технолошки најнапредните рафинерии на Хеленик Петролеум Групацијата. Постојано вложуваме во проекти кои ќе ја подобрат нашата ефикасност и ќе имаат позитивни ефекти кон зачувувањето на животната средина. Со ваквиот начин на работа и сеопфатна примена на концептот на општествена одговорност веруваме дека придонесуваме кон одржлив развој на компанијата, ја подобрува нашата заедница и креира придобивки за сите засегнати страни.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година