ИНТЕРВЈУ СО БРАЧНАТА ДВОЈКА ОД „ПАМПЕРС ОФ Д ФОЛ“: Кристијан сака да биде тапанар, а Јована му е најголем обожавател
Објавено во: Стил 23 Март, 2018
Има многу моменти на кои сме благодарни и за кои вреди што се посветивме на оваа прекрасна и возвишена работа. Не жалиме за ништо бидејќи во животот најмногу учиме од непредвидените и понекогаш непријатни ситуации, велат Ирена и Даниел Митревски, основачите на популарниот состав кој одбележува 15 години кариера. Јубилејот ќе го прослават со промотивни концерти во Битола и во Скопје на 29 и на 30 март
Вокалистката Ирена Димовска и гитаристот Даниел Митревски прво ја почнале љубовната врска, а дури потоа го основале бендот „Памперс“ кој по промените во поставата доби и ново име „Памперс оф д фол“. Групата која низ годините имаше повеќе забележителни успеси, први позиции на топ-листите на регионалниот музички канал „Ем Ти Ви Адриа“ и настапи на големи фестивали, месецов одбележува значаен јубилеј - една и пол деценија кариера. За професионалните патишта, но и за приватниот живот познатата брачна двојка зборува во продолжение.