18 Мај, 2024
0.0278

Интервју Слободанка Миовска: Продажбата не е само потпишан договор туку е креирање и градење взаемна доверба

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Пред повеќе од десет години Слободанка Миовска заплива во водите на комерцијата во тогашниот Вип оператор, компанијата која внесе конкуренција и го раздвижи телекомуникацискиот пазар во земјата. Таа е дел од Вип семејството од самите почетоци и со гордост зборува за развојот и градењето на својата кариера која, како што вели, ја градела постепено, без да прескокнува скалила, со огромен труд и посветеност на секојдневните обврски. Сега ја извршува функцијата на раководител на одделот за корпоративна продажба во Вип, компанијата која веќе не е само провајдер на мобилна телефонија туку конвергентен оператор кој нуди целосно комуникациско решение. Таа е љубопитна, полна со страст кон животот и работата која ја работи, екстремно посветена на луѓето кои ги смета за пријатели, непосредна во однос со другите и лојална. Деловните корисници се нејзиното секојдневие, а на прашањето дали се пребирливи, со насмевка одговара дека тоа е деловна тајна за која не може да ја зборува со нас, но потенцира дека тоа не е само чин на потпишување договор туку е креирање и градење доверба.

Работите во исклучително динамичен сектор и со карактеристична група на корисници која бара исклучително внимание. Потребна ви е енергија во текот на целиот ден, како ви почнува денот, со кој го пиете првото утринско кафе?

Миовска: За секоја работа, па дури и за извршување на рутински активности е потребна физичка кондиција и голема енергија, но според мене пресудна е чиста мисла и отворен ум. Без предрасуди да се пристапува кон секојдневните обврски. Во право сте кога велите дека телекомуникациите се исклучително динамичен сектор бидејќи новините се секојдневни. Потребите за комуникација на корисниците постојано се менуваат, а ние постојано се прилагодуваме кон нив. Во почетоците на мојата кариера преовладуваа понуди кои се фокусираа на повици и СМСи,  а сега фокусот е на интернет сообраќајот и понудите кои нудат целосно решение за бизнис корисниците. Тука не застануваме, како што и вие објавивте, Вип е дел од групацијата А1 Телеком Австрија и како резултат на ребрендирањето ќе стане дел од семејството на брендот А1. Со тоа Вип е стане дел од водечкиот давател на дигитални услуги во Југоисточна Европа кој има 25 милиони корисници и компанија која цели кон тоа да го олесни секојдневното дигитално живеење на корисниците, како и да им го направи попродуктивно и, се разбира, попријатно.

Оттука станува збор за исклучително област која динамично се менува и професија која бара максимална концентрација и неограничена посветеност во градењето релации со корисниците врз основа на доверба и исполнителност. Затоа денот го почнувам здраво и енергично, чинија полна со овошје и се разбира утринско кафе за енергија и тоа во Вип кафетеријата во друштво со колегите кои ме полнат со позитивна енергија. Така почнува секој ден во кој ме движи моето мото дека дадениот збор мора да се одржи.


Што Ве мотивира?

Миовска: Во секоја професија и за секој професионалец секогаш има предизвик во работата што ја работи без разлика колку е добар во тоа. Секогаш има нови можности па оттука и неизбежна е провокацијата и желбата за целосно посветување на работата и “бркањето” резултат. Успехот тогаш е загарантиран. За нас, кои доаѓаме од секторот продажба, обично велат дека е потенцирана желбата за индивидуален резултат, но јас на тоа гледам од другата насока – тимската работа која ја негуваме во компанијата го носи нашиот резултат и како поединци и како тим. Затоа секогаш, секоја затворена продажба ја прославуваме заеднички и за мене нема поголем мотив од опкружување со среќни лица.

Кои се вашите дневни планови и обврски?

Миовска: Добар продавач е поприлично екстровертен, секогаш позитивен, остроумен и многу трпелив човек кој има солидно познавање на бизнис сегментот во земјата воопшто. Нашата работа е на терен, нашата канцеларија е онаму каде што се нашите корисници бидејќи бизнисот не доаѓа кај нас туку се бара. Токму поради ова работниот ден е прилично динамичен и исполнет со многу состаноци се со цел да обезбедиме услови за врвно корисничко искуство. Корпоративната продажба е комплексен сегмент кој бара многу голема посветеност, персонализиран пристап, брзо донесување на одлуки и секојдневно соочување со бројни предизвици. Во принцип работам по однапред дефинирана агенда, во која секогаш има време за нешто “непланирано”. Follow up на активностите на дневна основа е must. Поприлично динамично, но сето тоа ми годи затоа што го работам она што го сакам.


Како го пополнувате слободното време?

Миовска: Оние кои подобро ме познаваат ќе речат дека сум енергична личност, постојано во движење и во трка со времето. Иако е така мојот живот и не се разликува од оној на младите луѓе. Сакам да го минувам времето во добро друштво во некој од скопските кафулиња, а особено ми се драги седенките со моите пријатели во мојот дом кога знам и да им подготвам некој рибен специјалитет и со убаво вино да разговараме до доцна во вечерните часови. Никогаш не се откажувам од одржувањето на мојата физичка кондиција и затоа активно вежбам фитнес веќе 9 години, планинарам и се релаксирам на Водно. Уживам да патувам и затоа оваа година Занзибар е мојата дестинација. 


Како ви завршува денот?

Миовска: Катчето за комплетно опуштање е мојот дом. Добар филм е секогаш опција додека викендите, ако не патувам, пијалок во добро друштво се секогаш посакувана опција.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата