19 Мај, 2024
0.0280

ИНТЕРВЈУ ПОПОСКИ: Не е важно кој ќе победи во Грција, важно е искрено да сака решение на спорот со Македонија!

Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Клучно за Македонија по формирањето на новата грчката Влада е  колку релно кај соседот ќе постои интерес да се занимава со надворешно политичките прашања вклучувајќи го и спорот со името во ситуација  кога земјата се  соочува со економски и социјални потешкотии , вели ексклузивно  за  Фактор  шефот на македонска дипломатија .  Никола Попоски оценува дека прв предуслов е Грција да престане со политиката на надмоќ која ја демонстира  со нејиното членство во НАТО и ЕУ кон Македонија.                 „Играњето на карта да не се решава вештачки измислениот спор за да се дестабилизира сосед, не носи добро на долг рок ниту за страната која спроведува таква стратегија,“   дециден е Попоски.           Според него,  официјална Атина треба да престане  брутално да ги криши основни демократски права на друга нација. „ Треба мудрост, истрајност и целосен  фокус на тоа што зависи од нас. Ова е свет каде што моќта се став над правото. Но кога си во право, полесно е да истраеш“ , вели Попоски. На прашањато дали државновладиниот врв размислува за промена на форматот на преговори , Попоски со одговор: „ Форматот може  да е ваков или таков, ако се нема волја, нема да се промени ни резултатот, “  проценува шефот на македонската дипломатија. разговараше Горазд Чомовски Фактор: Во ЕУ владее вознемиреност поради можната победа на Сириза. Причината е тоа што партискиот лидер Ципрас најави дека како иден премиер ќе го прекине курсот на штедење и реформи во Грција. Може ли ова да ја распламти еврокризата и дали овие стравувања се оправдани? Попоски: Економското опоравување во дел од европските економии не е постигнато. Стравувањето од нестабилност во Грција е реално. Можноста сепак од тоа да се разниша еврозоната е ограничена. Поголемите економии во ЕУ се во подобра кондиција за разлика од перидот на должничката и финансиска криза, и покрај фактот што патот до стабилност ќе биде долг. Кој и да ја води Грција во следниот период ќе води сметка да не си ги разниша столбовите врз кои почива грчката економија. ЕУ е без сомнение еден до тие фактори за долгорочен просперитет на нашиот сосед, но и на регионот каде што сме и ние. САМАРАС ИЛИ ЦИПРАС КОЈ БИ БИЛ ПОДОБАР ПАРТНЕР ЗА ДИЈАЛОГ? Фактор: Ако актуелниот премиер и лидер на Нова демократија Андонис Самарас се смета за креатор на проблемот со името, дали автоматски значи дека кај Сириза ќе има поголема политичка волја да влезе похрабро во решавање на прашањето за името? Попоски: Клучно е колку енергија ќе биде воопшто посветена на надворешно политичките прашања. Кој и да ја води Грција, ако не гледа интерес да се занимава со прашања надвор од економските реформи и социјалните потешкотии, нема да е лесно да се привлече внимание. НЕРЕШАВАЊЕТО НА СПОРОТ СО ИМЕТО НА ДОЛГ РОК НЕ ИМ НОСИ ДОБРО НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ Фактор: Во една прилика имате изјавено „Сириза во принцип била партија која помалку го злоупотребувала прашањето за името во домашно политички цели. Но,мислам дека не можеме да заклучиме што било пред да постои нова Влада во Грција каква и да е таа. Што е потребно да се промена во матрицата од нивна страна ако земе во предвид дека зад грчката црвена линија постои широк консензус ? Попоски: Неопходно е две работи да се променат. Прво, ставот дека ако се има надмоќ, од членство во НАТО и ЕУ, може да се игнорира и правото, но и брутално да се силуваат основни демократски права на друга нација. Второ, играњето на карта да не се решава вештачки измислениот спор за да се дестабилизира сосед, не носи добро на долг рок ниту за страната која спроведува таква стратегија. ПОТРЕБНА Е МУДРОСТ И ИСТРАЈНОСТ , ПРАВОТО Е НА НАША СТРAНА Фактор: Дали државновладниот врв размислува да побара промената на форматот на преговори по формирање на новата Влада во Атина ? Ако обидите на Нимиц досега не дадоа резултати, колку реално може Брисел да издејствува Атина да покаже поголема подготвеност за компромис. Македонската Влада постојано бара почитувањето на меѓународното право од преземените обврски со Временската спогодба . До кога ќе чекате Грција да ја признае пресудата на Меѓународниот суд правда и дали се разгледува можноста да се обратите до Советот з абезбедност на ОН? Попоски: Клучно е колку Грција сака навистина да се реши овој спор. Форматот може да е ваков или таков, ако се нема волја, нема да се промени ни резултатот.Правото го афирмираме зошто е во наша корист. На југот нема таква криза. Судот, Советот или трето тело. Од таму ни се наметнува еден јазик , тој на надмоќта: ви го правиме ова со блокадите , зошто можеме, а другите можат да гледаат, повторно затоа што сме внатре и затоа што можеме. Фрустрација и нервоза тука многу не помага. Треба мудрост, истрајност и целосен фокус на тоа што зависи од нас. Ова е свет каде што моќта се став над правото. Но кога си во право, полесно е да истраеш. Ќе се избориме за демократските и основни човекови права кои секоја земја и нација треба да ги ужива според повелбата на Обединетите нации. Останува да утврдиме дали во Грција ќе се увиди заедничката придобивка.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија