05 Мај, 2024
0.0255

Интервју: Microsoft преку Визија: Reloaded дигитално ќе ја трансформира Македонија

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Microsoft на 16ти и 17ти ноември ќе ја одржи конференцијата Визија: Reloaded која ќе биде одлична можност за македонската јавност одблиску да се запознае со новите сервиси и услуги на технолошкиот гигант, како и од прва рака да добие информации за плановите и можностите за македонскиот пазар. Во дигиталната ера на секој поединец, бизнис, организација или институција им се потребни квалитетни софтверски алатки и ефикасни методи на поврзување, споделување на документи и податоци, анализа и комуникација, па токму последните новитети на Microsoft и нивната визија ќе им бидат претставени на македонските корисници. За сите претстојни активности разговараме со Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија.

faktor.mk: Која ќе биде главната тема на конференцијата Microsoft Визија: Reloaded?

Георгиев: Ќе разговараме за дигиталната трансформација која сега е најпопуларна бидејќи ја претставува четвртата индустриска револуција. Ако се навратиме наназад со првата индустриска револуција и сите придобивки од неа, потоа од пронаоѓањето на електричната енергија, па потоа до компјутеризацијата, сега сме пред една нова индустриска револуција во дигиталната ера која ќе донесе многу поголеми придобивки. Веќе има анегдоти дека без леб и вода може да издржиме неколку денови, но не и без интернет. Целта на дигиталната трансформација е со сите иновации кои ни се достапни да си го олесниме живеењето, подобро да се поврземе и поефикасно и побрзо да ги завршиме сите задачи.

faktor.mk: Кои ќе бидат придобивките за потенцијалните учесници, што ќе може да се научи и потоа примени од Microsoft Визија: Reloaded?

Георгиев: Microsoft располага со многу напредни апликации, програми и алатки како Windows 10, One Note, Skype for Bussines и други кои може да се применат во било која индустрија или област, a за тоа има и различни пристапи за што ќе бидат презентирани конкретни примери, без оглед дали е владиниот, здравствениот, финансискиот или едукативниот сектор. Microsoft најмногу сака да помага во делот на едукацијата бидејќи таму ја гледаме иднината. Колку повеќе добиеме млади и квалитетни кадри во ИТ секторот кои навистина ни се потребни толку повеќе ќе се намали и невработеноста.

faktor.mk: Дали Македонија е дел од дигиталната трансформација и како Microsoft ќе придонесе во тој процес?

Георгиев: Microsoft e и самиот во фаза на трансформација бидејќи сака да биде поблиску до сите корисници, и приватните и професионалните и на секој да му помогне. Windows 10 е платформа која не само ние Македонците туку и сите во светот кога ни доаѓа нешто се плашат да ја прифатат додека не ги видат бенефитите. Слободно може да го инсталираат Windows 10 и да ги согледаат сите придобивки. Самото портфолио на Microsoft со сите сервиси покрај Windows 10, се зголемува и се базира на визијата на Бил Гејтс, да биде достапно за секого. Microsoft ќе помогне во тој процес на дигитална трансформација и тоа е неминовно, но е суштинска потреба за напредок и развој.  

faktor.mk: Microsoft под водство на Сатја Надела воведе нова философија за обединување на сите оддели од софтверот и хардверот под една платформа. Во овој контекст какви се плановите на Microsoft за македонскиот пазар во наредниот период?

Георгиев: Сите сакаме да ги поедноставиме работите кои ги користиме, и тој напредок кој го прави Microsoft доведува само до многу педноставен пристап, со што секако ќе бидат опфатени и македонските корисници. Microsoft ќе им помогне на сите во ова море од безброј апликации да се направи полесен пристап до нив од едно јадро. Со тоа ќе се намалат трошоците, ќе се намали времето потребно за пребарување на апликациите и сервисите и ќе се постигне поголема синхронизација на сите услуги. 

faktor.mk: Што се’ можеме да очекуваме од Microsoft Визија: Reloaded?

Георгиев: Визија: Reloaded има за цел пред се’ да го скрши мразот и да ја доближи технологијата до корисниците. Во три траки на предавања, учесниците ќе научат како да станат попродуктивни преку користење на иновативни технологии и имплементација на најмодерни решенија. Преку врвните предавачи и предавања на конференцијата ќе го презентираме севкупниот потенцијал на технологијата во рацете на бизнисот, како да се направи повеќе, побрзо и со помалку, едуцирајќи ги бизнис лидерите за дигиталната трансформација на денешното време. Дополнително на Визија: Reloaded ќе има и разни содржини од забавен карактер и многу награди, со што ќе се обидеме конференцијата да ја однесеме на уште повисоко ниво.

Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ