15 Мај, 2024
0.0270

ИНТЕРВЈУ Ивана Лукароска: Практиканството ми ги отвори вратите кон непроценливи знаења

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Лукароска е учесник во Програмата за практикантство на ОКТА, која за време на својата пракса имаше прилика да работи на конкретни  проекти, а преку работните задчи и обврски директно се запозна сооперативните процеси на компанијата. Покрај непроценливото искуството и вредноста на вистинскиот работен ангажман, Ивана доби можност за понатамошен развој на својата кариерата во рамки на ОКТА. 

ФАКТОР: Со какви желби и очекувања се пријавиIvana Lukaroska (2)вте за програмата за практиканти на ОКТА?

ИЛ: На програмата за практиканти на ОКТА се пријавив за да ги проширам и продлабочам моите академски познавања во стручната област во која функционира компанијата. На програмата гледав како можност за добивање на конкретни искуства од области поврзани со моето образование. Најважно од се, од програмата очекував да добијам насоки за моите идни студии или професионални ангажмани.

ФАКТОР: Што ви овозможи оваа програма?

ИЛ: На крајот од оваа програма многу од моите теоретски познавања веќе ги имав употребено во пракса, и целото познавање и стекнати вештини ги искористив во работната околина. Се здобив со нови познавања преку низа од значајни и предизвикувачки активности. Меѓу другото, развив работна дисциплина, самодоверба, силни менторски врски и саморазбирање за тоа како да се насочам во иднина. Едноставно кажано, програмата за практиканти онака како што е конципирана во оваа компанија, ми ги отвори вратите кон непроценливи знаења, искуства и практична имплементација на теоретската наобразба.

ФАКТОР: Сега сте вработена во ОКТА, но дали може да направите споредба меѓу статусот практикант и вработен во оваа компанија?

ИЛ: Можам да направам неколку разлики. Практикантството вклучува активности кај работодавач, слично е на тренирање кое би можело да се добие во академска средина, меѓутоа секојдневното доаѓање и извршување на обврски слични на вработените го прават универзално искуство. Практикантите не заменуваат одредени вработени туку работат директно под нивно менторство. Искуството кое се стекнува од практикантсвото е голем и неспорен бенефит за практикантот.

ФАКТОР: Како вработена, дали учите се уште или сте веќе подготвени за работните обврски во една глобална компанија како што е ОКТА?

ИЛ: Лично за мене учењето е процес што никогаш не престанува и се одвива во континуитет и верувам дека токму ваквиот пристап кон надградбата ме наведе да конкурирам за програмата за практиканти и ме доведе во оваа компанија. А кога станува збор за ОКТА, надградбата е континуиран процес. Во оваа глобална компанија динамичноста е постојана, а учењето е секојдневие. Сега како сум дел од тимот спремна сум да одговорам на секојдневните работни обврски, но и да ги надградувам моите познавања за да можам што повеќе да придонесам кон исполнување на целите на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година