18 Мај, 2024
0.0275

Интервју Богоевски: Стан во Маврово за 600 до 750 ЕУР за 1м2 за љубителите на планински туризам

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Сите љубители на планинскиот туризам, сите обожаватели на природните богатства, сите авантуристи што своето прибежиште го наоѓаат во убавините на Македонија, сега ќе имаат одлична можност да уживаат во текот на целата година, далеку од градскиот метеж. Во средишниот дел на една од најпознатите викенд-населби Маврово, во падините на Бистра, со поглед кон скијачките терени и Мавровското езеро, во фаза на изградба е станбен комплекс.

Инвеститор на комплексот е компанијата ПЕЛАГОНИЈА Гостивар, додека пак за продажбата е одговорна консултантската компанија која работи во секторот на комерцијални недвижности  и членка на глобалната алијанса Cushman&Wakefield, ФОРТОН чиј генерален менаџер, г-дин Влатко Богоевски зборува за продажбата на становите во интервјуто што следува.

1. ФАКТОР: Што претставува ФОРТОН и кои се главните полиња во кои дејствувате како компанија?

vlatko fortonБогоевски: ФОРТОН Македонија е една од водечките компании во секторот на комерцијален недвижен имот, формирана како член на алијансата на Cushman & Wakefield (најголемата светска приватна консултантска компанија во секторот на комерцијални недвижнини) и воедно во сопственост на најголемата холдинг компанија во секторот на недвижнини во Бугарија, AG Capital. Постоиме и делуваме на територијата на Република Македонија од 2009 година, преку нашите услуги сме дел од најголемите трансакции и проекти на пазарот. Изминатиот период имаме голем број на успешни соработки и партнерства со интернационални и македонски компании, во полето на комерцијалните недвижности.

2. ФАКТОР: Што е поразлично да се работи на продажба на станови во викенд-населба каква што е Маврово и дали е предизвикувачи за Вас како компанија да учествувате во проект од ваков тип?

Богоевски: Навистина е голема разликата во продажбата на станбена единица во викенд-населба како што е Маврово и продажба на станбена единица во урбано населено место, бидејќи во конкретниот случај за Маврово огромен процент од купувачите ја купуваат својата идна викенд-дестинација, својот иден дом во природна  и еколошки чиста средина, далеку од секојдневните градски метежи, додека пак купувачите во урбаните населени места купуваат станбена единица за решавање на своето животно станбено прашање или како начин за дополнителен приход, преку изнајмување на истиот.

Со нашите истражувања на пазарот на недвижности во Република Македонија, увидовме дека се појави потреба од ваков тип на градба. Во Маврово на располагање имате хотели, викендички, одморалишта, но станови-апартмани нема. На овој начин за атрактивна цена од 600 до 750 ЕУР за 1м2 или за симболична месечна рата од 100/150 ЕУР доколку финансирањето е преку банка добивате викенд дестинација на располагање во текот на целата година. Исто така, нудиме дополнителни поволности за оние кои купуваат преку фирма со што целиот износ на ДДВ ќе биде рефундиран и цената по м2 реално ќе биде намалена за 18%.

3. ФАКТОР: Какви сè станови нуди станбениот комплекс Маврово, кои предности ги имаат и кога ќе бидат вселиви истите:

Богоевски: Комплексот брои вкупно 105 станбени единици и големината на истите се движи од 30–50 м2. Квадратурата е соодветна за стан за одмор или викенд дестинација, што значи дека нема да има потреба од премногу обврски поврзани со домувањето. Како надополнување на овој факт, ова значи и помал финансиски товар за одржување за сопствениците.

Голема предност е тоа што целиот објект е енергетски ефикасен и истиот  располага со сопствена трафостаница. Комплексот нуди и дополнителни интерактивни содржини, внатре и надвор од него кои носат дополнителна вредност на овој уникатен проект, а при опремувањето на апартманите користени се висококвалитетни производи од реномирани производители од Германија, Турција но исто така и од наши домашни компании. Во рамки на станбениот комплекс, обезбедено е место за организирање на пикник, семејни и пријателски средби, а има и посебен дел наменет за станарите да ја остават својата спортска опрема (ски опрема, велосипеди) и притоа да бидат сигурни дека ќе им биде на безбедно место.

Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до„клуч на врата“, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

4. ФАКТОР:Дали веќе постои заинтересираност за купување апартмани во станбениот комплекс Маврово, како се движат цените и кога ќе бидат вселиви истите?

Богоевски: Продажбата на становите започна при крајот на месец маји навистина сме задоволни од интересот до сега. Становите ќе бидат вселиви при крајот на тековната година најкасно до (декември, 2016г).За сите дополнителни информации поврзани со продажбата, можете да го контактирате нашиот продажниот тим на 078-30-30-59 или да ја посетите нашата веб-страна www.stanovimavrovo.mk.

5. ФАКТОР:Какви сè поволности нудите за купување на апартман во станбениот комплекс? Дали имате склучено соработка со некои од банките? Објаснете ни подетално на кој начин може да се дојде до стан во оваа посакувана викенд-населба?

Богоевски: Инвеститорот на проектот, ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар, преку одличната соработка со дел од банкарските институции во Македонија им нуди поволно кредитирање на купувачите на станбена единица во комплексот. Сите заинтересирани купувачи можат да ги искористат поволностите овозможени од НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Силк Роуд АД Банка, Охридска Банка АД Скопје и ХАЛКБАНК АД Скопје и да станат дел од овој уникатен проект во Маврово.

6. ФАКТОР:Какви се вашите планови за во иднина? Дали е на повидок соработка на некој нов проект со инвеститорот на станбениот комплекс Маврово, Пелагонија, во некој од посакуваните туристички центри и викенд-населби?

Богоевски: ФОРТОН со ПЕЛАГОНИЈА АД Гостиварима одлична соработка и претходно партнерско искуство во сегментот на консултантските услуги кои ги нудиме како компанија. Како резултат на досега поставената подлога за соработка и идните амбиции и инвестициони планови на ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар за градење на објекти од здравствена намена и резиденцијален карактер во Гостивар верувам дека и во иднина ќе соработуваме во повеќе сегменти со нив кон креирање на уште еден уникатен проект како што е Станбениот комплекс Маврово.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа