01 Мај, 2024
0.0252

Интересни свадбени обичаи ширум светот!

Објавено во: Стил 18 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Општо е познат фактот дека свадбените обичаи се разликуваат од земја до земја, па дури и од град до град. Некои ги почитуваат и строго се придржуваат на нив, а некои бегаат од нив. Ако сте од оние кои не ги пратат строго старите обичаи и сакате вашиот најважен ден да биде поинаков, прочитајте ја листата на свадбени обичаи од земјите ширум светот. Применете некои од нив и така направете незаборавна венчавка за која сите ќе зборуваат. Кој знае, можеби ќе бидете иницијатор на некои нови обичаи.

Мароканските невести го започнуваат својот ден со церемонијално прочистување во вид на бањање во млеко, а пред тоа рацете и стопалата детално им се исцртани со кана.

Во Естонија обичајот дека девојката која ќе го фати букетот на невестата следна ќе се омажи, изменет е во корист на мажите. На младоженецот му ги врзуваат очите и го вртат во круг. Неженетиот маж на чија глава младоженецот ќе го стави шеширот следе ќе биде „ фатен “.

Јапонските невести ја менуваат облеката неколку пати во тек на денот. ( Извонреден изговор да се опустошат продавниците. )

Во Јапонија постои традиција на ритуално пиење на девет чаши саке во тек на церемонијата на венчавање.

Италијаните ја сечат вратоврската на младоженецот и ги продаваат деловите за да го финансираат нивниот меден месец.

Англосаксонскиот младоженец ќе ја допре петата на невестината чевла што ја симболизира неговата надмоќ над неа.

Невестите во Летонија се „киднапирани “ и младоженецот мора да плати откуп ( песна или тура пијалок ) за да ја добие назад.

На финска венчавка мајката на младоженецот држи тањир на главата кога младите ќе го заиграат првиот танц. Бројот на парчиња на кои ќе се скрши тањирот претставува број на деца кои ќе ги има парот.

На руска православна венчавка младоженецот и невестата се тркаат до тепихот на кој се даваат нивните заклетви. Кој ќе победи ќе биде главен во куќата.

Пред шведската венчавка мајката на невестата и дава на ќерка си златна паричка која ја става во десниот чевел, додека таткото и дава сребрена паричка за левиот чевел. Ова симболизира богата иднина.

Уште еден еврејски обичај е дека венчалниот прстен треба да биде потполно едноставен, без скапоцени камења или ознаки. Ова симболизира вечна љубов – нема ништо што означува почеток и крај.

Германските парови закачуваат работи на „ невестинското дрво “. Чајник, на пр. претставува гостопримливост.

Во Германија младенците заедничкиот живот симболично го започнуваат со сечење на стебло. Во оваа земја тоа е традиција до која се држат младите како во животот сите тешки задачи би го совладувале со успех.

Во Мексико гостите формираат срце околу парот кои го игра својот прв танц. Младите после танцот „ врзуваат чвор “.

Во Чешка обичај е пријателите на невестата да се скријат во не зиниот двор, да посадат дрво и да го накитат со исфарбани лупји од јајца и разнобојни машни. Легендата вели дека невестата ќе живее онолку колку што живее тоа дрво.

Во Холандија младенците во дворот околу својот дом посадуваат лилјани како симбол на обновување на нивната среќа и љубов со секоја нова сезона.

„ Конфети “ имаат ист корен како италијанскиот збор за слаткарство. Во паганско време венчаните двојки биле опсипувани со зрна и лешници со шеќерен прелив.

Во Британија се смета за среќа ако оџачар дојде на венчавката и да ја бакне невестата. Обичајот датира од владеењето на кралот Џорџ III. Коњите на кралот му се оттргнале од контрола и оџачарот се вмешал да го спаси. Кралот со декрет прокламирал дека сите оџачари носат среќа и дека со нив треба да се однесуваме со почитување. Оџачарите исто така се поврзуваат со раниот пагански обичај каде црната боја означува плодност.

Дел од традиционалната венчавка во Судан вклучува спалување на седум дршки од метла од страна на главната деверица што симболизира отфрлување на лошите навики пред почеток на брачниот живот.

И конечно, на венецуелската венчавка обичај е младенците да се искрадат од свадбата, а да не се поздрават со никого. Се верува дека тоа носи среќа.